Мит
Свежо овошје е нутритивно по богато од замрзнато овошје.
Не е точно!
Само сезонското овошје е подобар избор од замрзнатото. Пример доколку во супермаркет во декември има свежи јагоди подобра опција е да купите замрзнати кои се замрзнати во нивна сезона.
Како да се замрзнува овошје?
Во плех обложен со хартија за печење распоредете го oвошјето и оставете да се смрзне. По 3-4 часа префрлете во сад или ќеса но при тоа ќе пазите да се истисне воздухот колку може повеќе од садот или ќесата каде се замрзнува.
При замрзнување до проблем може да дојде кога влагата од храната испарува и создава ледени кристали, намалувајќи го вкусот и квалитетот.
Со замрзнување не се губат нутритивните вредности, но најдобро е да се консумираат 6 месеци по замрзнување.
Јаболки, јагoди, смокви, сливи може да стојат до 12 месеци. Шумско овошје 10 месеци.