Регистер на лица со Дијабетес во Велес

1854

Регистер на лица со Дијабетес во Велес на 31.12.2016 (INS – 06.04.2017)

Демографски податоци
Во општина Велес живеат вкупно 55.108 жители[1] а од нив 43.716 во градот. Овие податоци се официјални според пописот спроведен во 2002 години како и од проекцијата на Државниот завод за статистика. Во евиднцијата на лица со дијабетес од 20 – 79 годишна возраст, до 31.12.2016 година евидентирани се 5.849 жители односно 13,37% од бројот на жители во град.

Застапеност во заедницата
Спредбено со податоците на IDF[2] (Mеѓународна дијабетолошка федерација) за глобални % преваленци (prevalence[3]) застапеноста на лицата со дијабетес за возраст од 20 – 79 години  изнесува: за глобално ниво 8,8% (7,2-11,4%), во Европа 9,1% (6,8-13,0%) и за Република Македонија 12,0% (10.5 – 13,6%).

 Со 13.37%  Велес е над сите релевантни преваленци, на крајната граница со опфат  од 13,6% за  државно ниво и е далеку над горните поставени граници на глобалните 8,8% и европски 13% преваленци!

Возрасна категорија
Од вкупната бројка на евидентирани лица со дијабетес најзастапена е возраста од 55-64 старост со 2003 лица или 33,84%  а втора е возраста 65-74 години поточно 1870 лица со 31,59%.

Од 5.843 лица со дијабетес, 2627 се мажи или 44,38% од вкупниот број, односно 3292 се жени или 55,62% од вкупниот број.

INSULIN
Демографски податоци   INS

Според евиденцијата на корисници на инсулин, од вкупно 987 лица, во рурлани населби живеат 93 лица или 9,42%. Во градот живеат 894 лица или 90,58% од лицата корисници на инсулинска терапија.

Тип на дијабетес INS
Во Општина Велес од вкупно евидентираните 5.919 со дијабетес инсулин зависни се 987 лица односно 16,68%.  Од нив 71 лице се со Тип 1 дијабетес, а 916 се лица со Тип 2 дијабетес.


Возрасна категорија INS

Евиденцијата на лица со дијабетес во Велес покажува дека инсулин зависни се 987 лица или 16,68% од вкупниот број на евиднетирани во општината. Од нив 432 лица се мажи (43,77%), а 555 лица се жени (56,23%).

Опфатот на лица со дијабетес корисници на инсулин на возраст од 55 до 64 години се застапени со 338 лица или 34,25% (INS). На возраст од 65 до 74 години се 284 лица или 28,77% (INS). Трети по ред се лицата на возраст помеѓу 45 и 54 години чиј број изнесува 164 или во проценти 16,62 (INS).

Помладите категории на возраст се со помалa застапеност но, не позначајна застапеност, односно податоците говорат дека од 7-9 години има 4 лица, од 10-14 години – 13 лица, од 15-19 години – 2 лица, од 20-24 години – 7 лица, од 25-34 години – 18 лица или во вкупен процент на зафатеност 10,13 (INS).

Употреба на INS

Во Болничката инсулинска аптека евидентирано е дека од вкупниот број на поделени терапии на инсулин  52,58% е Insulin Human, додека 47,42%  se Insulin Analogue.

Пациентите кои се инсулин зависни, во периодот на евиднција, ги добиваат следните инсулини: Insuman rapid, Insuman comb, Humolin N, Levemir, Apidra, Lantus, Numalog kwik pen, Novorapid flexpen, Novorapid viala, Novomix 30, Humalog mix 25, Humalog mix 50.

 

[1]http://www.stat.gov.mk/publikacii/2.4.15.10.pdf

[2]http://www.diabetesatlas.org/resources/2015-atlas.html#

[3] Prevalence – моментален број на лица со дијабетес спрема вкупен број на жители на град Велес

Извор: Здружение Дијабетичари Велес