Протеини

1927

 

 

Протеините се основните градбени блокови потребни за синтеза на виталниte клеточни компоненти (за самата структура на клетката, органелите, ензими, хормони, транспортни молекули и др.). Протеините можат да бидат од растително и животинско потекло и во процесот на дигестија се разложуваат до аминокиселини, кои организмот ги искористува за да ги синтетизира специфичните протеини кои се потребни за градбата и функцијата на нашите ткива и органи.
Важно е да се истакне дека одредени, таканеречени есенцијални аминокиселини (валин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, треонин, триптофан, фениналаланин, хистидин). човекот не може да ги создаде и истите мораат да се внесат единствено преку исхраната.
Сите протеини од животинско потекло се целосни, што значи ги содржат сите есенцијални аминокиселини а како најдобри протеински извори се вбројуваат јајцата, месото, рибата и млекото.
Треба да се напомене дека во зависност од изворот (начинот на одгледување и квалитетпот) животинскте продукти можат да бидат исклучително квалитетни извори на протеини и други важни нутриенти во исхраната на лицата со дијабетес.

Протеини од растително потекло : киноата, хељдата, оризот и други житарки, мешунките (како гравот, леќата, грашакот), јатките, семињата, сојата и др.

Поголем дел од растенијата содржат нецелосни протеини, но постојат доволни растителни извори на целосни протеини како што се:киноата, хељдата

Доколку изворот на протеини се од растително потекло и се нецелосни можете многу лесно со правилна комбинација да направите да бидат целосни.

Пример: Грав и ориз
Гравот содржи мала количина на метионин но голема количина на лизин
Оризот има малку лизин но многу метионин. Со комбинација заедно добивате целосен протеин.

Хумус со интегрален леб
Исто житарката има мала количина на лизин Додека наутот има поголема количина. Нивната комбинација е перфектен извор на целосен протеин.
Според Светската здравствена организација, препорачана дневна количина на протеини за возрасни лица е 0,8 г.-1 гр по килограм телесна тежина.

Подотвил: Везире Старова
(сликата е превземена од www.menshealth.com)