Во соработка со Националната комисија за дијабетес и работната група во рамки на Министерство за здравство, направени се промени во начинот на упатување на пациентите со дијабетес.
Пациентите кои се со дијабетес и прегледот го вршат на повисоко ниво, при упатување се упатуваат кон специјалност дијабетес. Специјалистите кои работат со пациенти со дијабетес своите термини ги креираат во центрите за дијабетес.
Барањето за подигање на инсулинска терапија сега е со важност од 6 месеци.