ПРИЧИНИ ЗА ЛОША ГЛИКЕМИСКА КОНТРОЛА
• Хипогликемии (често асимптоматски), предизвикани од преголема доза базален инсулин, особено навечер и следени со реактивна хипергликемија од различен степен и траење.
• Пропуштени инсулински инјекции.
• Неможноста на пациентот да ги пресметува јаглените хидрати или да ја разбере важноста на ваквите пресметувања.
• Без болус инјекции за ужините.
• Недостиг на знаење и вештина и лошо разбирање на резултатите од самоконтролата.
• Прандијалниот болус се инјектира доцна и крвниот шеќер има време да се зголеми, што може да води до прекумерно намалување кога инјектираниот инсулин ќе го пројави својот ефект.
• Често менување на базалниот инсулин.
• Неколку фактори се менуваат истовремено.
• На пример, при висока вредност на крвниот шеќер, пациентот веднаш ги зголемува и инсулинската доза и физичката активност.
• Нерегуларна, тешка физичка активност.
• Хипогликемија по ексцесивна корекција на висок крвен шеќер и последователна реактивна хипергликемија лесно доведува до вредности на крвниот шеќер како ‘ролеркостер возење’ (горе-долу).
• Менструалниот циклус ги афектира потребите за инсулин.
• Инсулинските потреби, вообичаено, се зголемуваат во пременструалната фаза и во текот на овулацијата.
• Истоштеност од третманот и губиток на мотивацијата, особено ако, и покрај настојувањата на пациентот, мерењата на крвниот шеќер се варијабилни.
• Тешки коморбидитети (бубрежна слабост, дисфункција на гастроинтестиналниот тракт, гастропареза).
• Ендокрини нарушувања.
• Наручувања на хранењето (анорексија или булимија).
• Пропуштање на инсулински инјекции или многу мали дози со намера да се игуби тежина.
• Инсулински антитела можат да предизвикаат неочекувани епизоди на хипогликемија. Треба да се одредат инсулински антитела ако нема други очигледни причини за хипогликемијата.
• Системски болести, траума или психички стрес.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)