Принципи на давање на инсулинот II(инсулински третман на тип 1 дијабетес)

1868

 Терапија со инсулинска пумпа 

• Терапијата со инсулинска пумпа е најдобар начин да се усогласи давањето инсулин со соодветните потреби на телото.
• Терапијата со пумпа е особено корисна за
(1) пациенти склони кон хипогликемија,
(2) превенција на ноќна хипогликемија и
(3) терапија на dawn феномен (зголемена потреба за инсулин рано наутро).
• Пумпата испорачува однапред одредена количина (единици/час) на брзо делувачки инсулин преку катетер, поставен во поткожното масно ткиво. Катетерот треба да се менува секои 3 дена. _На пример, дневна базална инсулинска потреба од 20 единици одговара на 0.8 единици на час. Бидејќи потребите за базален инсулин варираат во текот на 24-часовен период, можно е да се намести ’дневен профил’ во пумпата, базиран на мерењата на крвниот шеќер. На пример, од полноќ до 03 часот, стапка од 0.5единици/час, од 03 до 08 часот, стапка од 1.0 единици/час, од 08 до 16 часот, стапка од 0.8 единици/час, од 16 до 22 часот, стапка од 1.0 единица/час, и од 22 часот до полноќ, стапка од 0.5 единици/час.
– За време на оброк, болус дозата се дава преку пумпата во зависност од јагленохидратниот внес.
• Секој пациент кој користи пумпа мора да има опрема за инјектирање инсулин и снабдување со инсулин, комплетно со информативно пишано упатство, во случај пумпата да се расипе и да овозможи на некои луѓе привремено да ја дисконтинуираат пумпата.

Спроведување на самоконтрола
• Кај основното следење на тип 1 дијабетес, се советува да се мери крвниот шеќер наутро и пред оброците, како и пред спиење (барем кај пациентите склони кон хипогликемија).
• Мерењата помеѓу оброците се исто така потребни во врска со промените во третманот и тогаш кога се потребни корекции на гликемиската контрола.
• Пред закажаната контрола кај докторот, се советува интензивирање на мониторирањето: 24-часовен профил на крвниот шеќер најмалку 3 дена или мерења пред и по оброк во текот на една седмица. Во исто време се регистрираат консумираните јаглени хидрати и степенот на физичка активност.
• Ако самоконтролата покаже мерења на крвниот шеќер во целните вредности, дневната доза не треба да се зголемува.
• Мерењата на крвниот шеќер се одговор на количината на активен инсулин во телото за време на мерењето.
– Дозите кои повторувано го зголемуваат крвниот шеќер треба да се зголемат. o Соодветно, дозите кои повторувано го намалуваат крвниот шеќер треба да се намалат.
• Започнете со корекција на мерењата кои се повторувано многу ниски.
• Инаку, започнете со корекција на дозите кои предизвикуваат најголемо зголемување на мерењата на крвниот шеќер. Целта е да се постигне гликемија на гладно во целна вредност (потребни се мерења во текот на ноќта и пред спиење).
• Мерењето на гликемијата со сензор станува сè почесто во процената на дијабетичната контрола.

(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/  “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)