Принципи на давање на инсулинот I (инсулински третман на тип 1 дијабетес)

1982

ПРИНЦИПИ НА ДАВАЊЕ НА ИНСУЛИНОТ
• Времетраењето на дејството на инсулинот Glargine*  е околу 20-30 часа и еднаш дневно давање, вообичаено навечер, е доволно за повеќето пациенти.
• Времетраењето на дејството на инсулинот Detemir *варира од 12 до 24 часа, во зависност од дозата. Кај тип 1 дијабетес, вообичаено се дава два пати дневно; наутро/претпладне и навечер.
• Времетраењето на дејството на NPH * инсулинот е околу 12-20 часа, во зависност од дозата и вообичаено се дава барем два пати дневно; наутро/напладне и навечер.
• NPH инсулинот има максимален ефект околу 4-12 часа по инјекцијата. Ако NPH се инјектира наутро, одложен ручек лесно води до хипогликемија и затоа е потребна ужина попладне. Соодветно, NPH инјектиран навечер може да води до ноќна хипогликемија и поради тоа крвниот шеќер треба да биде повисок пред спиење отколку ако се користи Glargine или Detemir.
• Има повеќе дневни флуктуации во апсорпцијата на NPH инсулинот отколку во апсорпцијата на Glargine и Detemir.
• Се одбира најниската возможна доза на базален инсулин за да обезбеди целна вредност на крвниот шеќер пред-оброк и пред-спиење. Тогаш крвниот шеќер нема многу да се намали, дури и ако оброкот и прандијалниот инсулин се пропушти или се одложи.
 • Во почетокот на ноќта, обично е потребно помалку базален инсулин, додека околу 4 часа пред и по будењето потребите се зголемуваат (dawn феномен и стрес на будење).
• Ако NPH се менува со Glargine или Detemir, дозата на базалниот инсулин треба да се намали на почетокот за 10-30%, спрема HbA1c. Во исто време, потребите за прандијалниот инсулин ќе се зголемат, особено за појадок и за вечерната ужина. Ако како прандијален инсулин се користи брзо делувачки инсулин, мораат да се дадат и болус инјекции за да ги покријат сите ужини (освен ако се земаат јаглени хидрати како подготовка за физичка активност).
 • Дневната доза на базален инсулин треба да се зголеми ако пациентот има повторувачки високи мерења пред оброците и тие не се предизвикани од постхипогликемична реакција.
• На почетокот, мерењата на крвниот шеќер треба да бидат 1.5 час по оброкот да потврдат дека високиот крвен шеќер не е како резултат на претходно мала доза прандијален инсулин.

Прандијален инсулин
• Дозата на прандијалниот инсулин се пресметува во зависност од јагленохидратниот внес.
• Односот на прандијалниот инсулин во зависност од јагленохидратниот внес е вообичаено повисок за појадок во однос на другите оброци. Ова е како резултат на инсулинската резистенција, изразена наутро и можноста за ниски концентрации на циркулирачки базален инсулин. Дури и ако се прескокне појадокот, индивидуално може да биде потребна мала доза на брзо делувачки инсулин без јадење поради инсулинската резистенција.
• Потребната болус доза за вечерната ужина може да биде помала во однос на другите оброци, особено ако пациентот имал физичка активност во текот на вечерта.
 • На пример, ако 1 единица инсулин е доволна да покрие 10 гр. јаглени хидрати за другите оброци, за појадок, можеби, ќе требаат 2 единици, особено ако немало вклучено физичка активност во утринските активности. Соодветно, потребите за вечерната ужина може да бидат само 0.5 до 1 единица за 10 гр. јаглени хидрати.
• Пациентот мора да се научи како да ја пресметува количината на јаглените хидрати.
– Налепници на храната, визуелна процена на количината со потврдување со покош на јагленохидратен сметач.

– На почетокот, корисно е да се мери храната.
 • Точна доза на брзо делувачки инсулин се дава во зависност од пресметаната количина на јаглени хидрати.
– Брзо делувачкиот прандијален инсулин може да се користи, ако е потребно. Има подолго траење на дејството и исто ги покрива ужините помеѓу оброците.
-Зголемувајќи ја дозата на брзо делувачкиот прандијален инсулин, се продолжува траењето на дејството и предиспозицијата за хипогликемија.
• Ако се дава иста болус доза за секој оброк, треба да нема варијации во јагленохидратниот внес и гликемијата пред оброк – овој вид на стандардизирани дозирања вообичаено не се изводливи. Корективен инсулин
• Варијациите во потребите на базалниот инсулин во текот на стрес, како и варијациите во апсорпцијата на инсулин, предизвикува непредвидливи варијации на крвниот шеќер.
• Ако крвниот шеќер пред оброкот е повисок од целната вредност, се дава мала корективна доза брзо делувачки инсулин додатно на прандијалниот инсулин која одговара на јагленохидратната содржина на оброкот.
• Прилагодувањето, вообичаено, не се прави помеѓу оброците, со исклучок на специјални околности, бидејќи е тешко да се процени колку од претходниот прандијален инсулин сè уште е активен.
• Ексцесивни корекции на крвниот шеќер помеѓу оброците лесно води до обратен ефект.
 • Третман на исклучителни состојби, како кога пациентот е болен, треба да се договри однапред.

Прашања околу оброците кои треба да се резгледаат
• Болус дозата на прандијалниот инсулин и времето на инјектирање зависи од:
– Вредноста на гликемијата пред оброкот.
*Ако крвниот шеќер е значително повисок од целната вредност, треба да се даде додатна болус инјекција.
*Ако крвниот шеќер е значително понизок, инсулинската доза треба да се намали или пациентот треба да земе додатна количина јаглени хидрати кои бргу се апсорбираат.
-Дали брзо делувачки болус инсулин (го покрива оброкот) или кратко делувачки инсулин (го покрива оброкот и подоцнежната ужина) се користи како прандијален инсулин.
*Брзо делувачкиот инсулин се инјектира во текот на оброкот (или веднаш по оброкот).
* Кратко делувачки инсулин се инјектира околу 30 минути пред оброкот.
– Изминатото време од последниот прандијален инсулински болус (дали е претходната инсулинска доза сè уште активна).
– Јагленохидратната содржина на оброкот или на ужината (колку инсулин е потребен за 10 g јаглени хидрати).
– Што планира пациентот да прави по оброкот (ако пациентот планира да има физичка активност, може да се намали дозата на болусот или може да изеде ужина без болус инјекција).
– Претходната вредност на крвниот шеќер во слична состојба.

Glargine* (Insulin glargine, marketed under the names Lantus )
Detemir *(under the trade name Levemir.)
NPH *( also known as isophane insulin (INN) and by various trade names, is an intermediate-acting insulin given to help control the blood sugar level of people with diabetes.)

(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/  “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)