Препораки за лица со дијабетес од Национален центар за здравје на Велика Британија

2701

Националниот центар за здравје NHS и Diabetes UK  препорачуваат, лица со дијабетес треба да јадат здрава избалансирана храна, храна со мал внес на масти, мал внес на сол,  поголем внес на овошје и зеленчук.
Националниот центар за здравје NHS советува:

  • Да се јадат скробни јаглехидрати
  • Да се зголеми внесот на диетални влакна
  • Дневно да се консумираат најмалку 5 порции зеленчук и овошје
  • Да се намали внесот на масти посебно заситени масти
  • При внес на масти да се одберат незаситени масти
  • Млечните производи треба да се со мала масленост
  • Да се консумира месо од живина без кожа
  • Да се избегне консумација на процесирана храна
  • Да се консумираат јајца, риба два пати неделно и да се консумира масна риба најмалку еднаш неделно
  • Јајца и легуминози се добар извор на протеини според NHS
  • Храната да се подготвува на пареа или рерна наместо да се пржи или да се подготвува на скара
  • Да се избегнат колачи, бисквити и други слатки
  • За ужинка да се внесат јаткасти плодови , јогурт со мала масленост
  • Да се избегне консумација на шеќери
  • Да се намали внесот на алкохол или воопшто да не се внесува алкохол
  • Да не се прескокнува доручекот
  • Да се хидрира телото со 1.6-2 литри вода

Дали советите на Националниот центар за здравје се прифталиви?
Иако многу од препорачаните совети се прифатливи сепак многу лица со дијабетес и здравствени работници реагираат со негодување на овие препораки
За прифатливи совети се сметаат:
Да се консумира голема количина на зеленчук
Да се внесе доволна количина на диетални влакна
Да се избегнат шеќери
Да се избегне процесирано месо
Да се консумира риба редовно
Да се избегне преработена храна пример колачи,слатки и др.
Да се избегне консумирање на алкохол
Да се избегне преработена солена храна
Националниот центар за здравје со препораките за консумирање на скробни јаглехидрати многу често и доведуваа до лоша гликемиска контрола посебно  кај лица со тип 2 дијабетес.
Скробните јаглехидрати што NHS  ги препорачува се :
Компири
Житарки
Тестенини
Ориз
Леб
Проблемот со скробните јаглехидрати е иако некои се со низок гликемиски индекс се јавува поголема потреба за инсулин во споредба од консумација на протеини и масти. Според многу истражувања кај лица со тип 2 дијабетес се доаѓа до заклучок колку телото има поголема потреба од инсулин толку расте резистентноста кон инсулин.
Лица со тип 1 дијабетес наспроти лица со тип 2 дијабетес некогаш имаат подобра гликемиска контрола кога консумираат скробни јаглехидрати со низок гликемиски индекс бидејќи не доаѓа до брз пораст на шеќерот во крвта.
Уште една од препораките на NHS која наиде на критики се однесува на внесување во мали количини на заситени масти што не е правило секогаш бидејќи мастите кои потекнуваат од природни извори по најнови истражувања се сметаат за здрави.
Пример на здрави масти е сметаат
Месо (необработено од домашно одгледани животни)
Риба
Маслинки и маслиново масло
Јаткасти плодови
Семиња
Авокадо
Млечни производи
Наместо да ги скрати заситените масти NHS би требало да ги забрани масти од преработени продукти
Колачи
Бискивити
Чипс
Многу од овие производи се со високи калории подготвени со растителни влакна.По најнови истражувања консумирање на полномаслени производи се покажаа помалку штетни дури и поздрави со ниска масленост продукти.
Многу често во етикети за храна може да се види дека во производи со ниска масленост многу често се додаваат шеќери,сол и адитиви како замена на масти.

Текстот и сликата се превземени од http://www.diabetes.co.uk/diet/nhs-diet-advice.html