На ден 14.04.2016 год. во посета на учениците од III-а одделение беше ученичката Илина Трајчевска и нејзината мајка Виолета Трајчевска. Тие одржа презентација на тема- Како да го победиме дијабетот. По повод 07 Април Светскиот ден на здравјето- тема на денот беше дијабетот како состојба која е се позастапена кај луѓето во светот.
Голема благодарност до Илина Трајчевска и Виолета Трајчевска кои на интересен, сликовит начин ги споделија знаењата со учениците од III-а одделение, и практично ни покажаа се за дијабетот и за начинот и контролата на таквата состојба. И голема благодарност за одвоеното време кое го поминавме во интерактивна атмосфера полна со многу прашања кои на јасен и концизен начин беа одговорени од нивна страна.
(текстот е превземен од ФБ страна О.У Браќа Миладиновци)