ПРЕВЕНЦИЈА НА ХИПОГЛИКЕМИЈА
• Превенцијата се базира на едукација на пациентот и негова способност да ги предвиди идните настани на хипогликемија со прилагодување на инсулинската доза и јагленохидратниот внес.
• Физичката активност во текот на денот треба да се земе во предвид, особено при прецизна гликемиска контрола, со намалување на вечерната инсулинска доза за 10-20%, во зависност од мерењата на крвниот шеќер.
ПРИЧИНИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ИНСУЛИНСКА ПОТРЕБА
• Добивањето во тежина. Ако добивањето во тежина е предизвикано од ексцесивна инсулинска доза, треба да се намалат и инсулинската доза и внесот на калории.
• Акутни инфекции можат значајно да ја зголемат потребата од инсулин.
• Мерењата на крвниот шеќер на почетокот се проверуваат секои 1-2 часа.
• Додатна доза на брзо делувачки инсулин се дава секои 2-4 часа.
• Ако пациентот има кетони во урината/крвта, додатната доза на брзо делувачкиот инсулин треба да се зголеми.
• Гадење и повраќање не се индикации за намалување на инсулинските потреби. Тие може да се индикативни за зголемување на инсулинските потреби.
• Кетоацидозата може да се манифестира со симптоми кои сугерираат гастроентеритис и поради тоа треба да се мери крвниот шеќер и кетони во крвта/урината кај пациентите со дијабетес со абдоминални знаци и симптоми.
• Обезбедете адекватна инсулинска терапија, како и јагленохидратен внес и внес на течности.
• Ако е болеста пролонгирана, треба да се зголеми дозата на базалниот инсулин, ако е потребно.
• Хипертироидизам.
• Пременструална фаза на менструалниот циклус.
• Акутни системски болести и траума.
• Кортикостероиден третман.
• Кортикостероидна инјекција може да го зголеми крвниот шеќер за неколку дена.
• Во текот на орално земање на кортикостероиди, потребна е додатна доза на долго делувачки (NPH) инсулин наутро и често е зголемена дозата на прандијалните инсулини во текот на денот поради инсулинската резистенција, индуцирана од кортикостероиди.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)