Потребни документи за ослободување од партиципација при запишување на факултет на лица со дијабетес

3063

 

Покрај потребни документи кои се објавени на самиот факултет каде студентот се пријавува како редовен студент, за ослободување од партиципација при запишување на факултет на лица со дијабетес потребно е :

1) Наод заверен кај нотар со цел оригиналот да се задржи

2) Барање за ослободување од партиципација напишано од страна на студентот

Во барањето да се повикува на член 87 од Законот за високо образование каде е назначено дека:
“Високообразовната установа нема да наплатува партиципација за:
– деца без родители,
– лица од прв и втор степен на инвалидност,
– воени инвалиди и
– лица растени во домови за напуштени деца.
Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Македонија“

Според наодот кој се дава во меѓуопштински центар за социјална работа, лица со најтежок облик на хронично заболување се категоризираат во прв степен на инвалидност.

Доколку факултетот не одобри ослободување од партиципација во рок 24 часа имате право на поплака.

Административните трошоци, такси, пред и по уписите се плаќаат.

Подготвиле: Весна Трампевска, Везире Старова