Покрај потребни документи кои се објавени на самиот факултет каде студентот се пријавува како редовен студент, за лица со дијабетес потребно е :
1) Наод заверен кај нотар со цел оригиналот да се задржи
2) Барање напишано од страна на студентот со молба да биде ослободено од партиципација.
Во барањето да се повикува на член 87 од Законот за високо образование каде е назначено дека:
“Високообразовната установа нема да наплатува партиципација за:
– деца без родители,
– лица од прв и втор степен на инвалидност,
– воени инвалиди и
– лица растени во домови за напуштени деца.
Средствата за партиципација на овие лица ќе се покриваат од Буџетот на Република Македонија“
Според наодот кој се дава во меѓуопштински центар за социјална работа, лица со најтежок облик на хронично заболување се категоризираат во прв степен на инвалидност.
Доколку факултетот не одобри ослободување од партиципација во рок 24 часа имате право на поплака.
Административните трошоци, такси, пред и по уписите се плаќаат.
Подготвилe : Весна Трампевска, Везире Старова