Потребни состојки
400 гр. мелено месо
200 гр булгур
8 пиперки
1 голем домат
1 главица кромид
магдонос
1 с.л маслиново масло
зачини по желба
Подготовка
Во загреана тава кратко се пропржува кромидот, месото и булгурот. Се додава ситно исецкан магдонос и зачини по желба.
Пиперките ги чистиме од рачките и семките, со мала лажица ги полниме со претходно подготвената смеса. Одкако ќе ги наполниме пиперките на крај ги затвараме со парче домат. Се редат во тава за печење, се налева вода до пола во висина на пиперките и ги печеме на 220C околу 45 минути.
к.калории | јаглени хидрати гр. |
диетални влакна гр. | протеини гр. |
масти гр. |
|
вкупно | 1378 | 172 | 30.2 | 110.4 | 31 |
1 пиперка | 172 | 21.5 | 3.7 | 13.8 | 3.8 |
Булгурот има висок процент на диетални влакна и понизок гликемиски индекс од оризот поради кое и се препорачува во исхраната на лица со дијабетес. |
(сликата е превземена од yemekresimli.com )