27.06.2017, Здружение Дијабетичари Велес
Почитувани,
Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче – Лилипоп“ Велес, првото полугодие од своето основање реализираше повеќе активности, меѓу кои и оформување на првиот регистер со податоци на опфатот на на лица кои се со дијагностициран Дијабетес. Со цел за запознавање на јавноста со податоците првиот регистер на лица со дијабетес во Република Македонија, од локален карактер, да присуствувате на прес конференција. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 29.06.2017 год. (четврток) со почеток во 10.00 часот, во просториите на Фондација „Фокус“ Велес на ул. Солунска бр.2а, Велес. Ве молиме за секое Ваше дополнителни прашање да не контактирате на е-маил dijabetveles@yahoo.com или на 077 757117.
Извор: Здружение Дијабетичари Велес