Едноставен високо нутритивен оброк
Потребно е
✅Една мала главица брокула(150-200 гр)
✅1 поголем морков
✅2 лажици овес
✅2 јајца
✅Сол, црвен бибер, црн бибер, ким
✅маслиново масло
Подготовка
Морковот и брокулата кратко се варат. Околу 2-3 минути. Се мелат во блендер. Се додава мелен овес, јајца, црвен пипер, црн бибер, ким, сол и една лажица маслиново масло.
Може да се пржи во тава, со лажица се ставаат во тавата или се печат во рерна.
Рецептот е на Д.К
Доколку немате време можете од смесата да направите омлет
Нутритивна вредност🔎
Вкупно
392 ккал
Јаглехидрати 28 гр. од кои
Растителни влакна 8 гр
Масти 24 гр
Протеини 19 гр