Печени круши со цимет и пекмез

682

Потребни состојки:

✔️4 круши
✔️1 ќесичка ванилин шеќер
✔️1 м. лаж. цимет
✔️1 с.л путер
✔️1 м. л пекмез од грозје
По избор за украсување
✔️Маскарпоне 100 гр
✔️1 л. мед или
✔️Мелени ореви

Подготовка:
Се лупат крушите, се вади средината. Се топи путерот. Се меша со цимет, ванилин шеќер и пекмезот и се мачкаат крушите од двете страни. Се печат на 190с по 15 минути од двете страни. Се сервира со маскарпоне претходно матен со мед или се посипува мелени ореви.

Нутритивна вредност без маскарпоне🔎:
Вкупно 586 калории
Вкупно 132 гр јаглехидрати од кои
24 гр. растителни влакна
Вкупно 13 гр. масти
Вкупно 3 гр. протеини

Нутритивна вредност со маскарпоне🔎:
Вкупно 864 калории
Вкупно 145 гр. јаглехидрати од кои
Вкупно 24 гр. растителни влакна
Вкупно 38 гр масти
Вкупно 3.8 гр. протеини