Дијабетесот не треба да биде пречка за патување и одмор. Со однапред планирање, може да се избегнат било какви проблеми додека сте на пат.
Совети и на што треба да обрнете внимание кога патување :
1. Проверка на спакувани работи пред да одите на пат
2. Совети за пакување
3. Патување со авион и аеродроми
4. Различни временските зони
5. Храна и патување
6. Жешка клима
7. Ладна клима
8. Разболување додека сте надвор од вашата држава
Проверка на спакувани работи кога одите на пат
- Извештај за дијагностициран дијабетес и писмо-извештај од вашиот лекар. Овие две работи се потребни за да можете да ги носите сите потребни медицински работи- помагала со вас
- Земете двојно поголема количина на медицински материјали (инсулин, игли, ленти за мерење и др)
- Во случај на вонредна состојба, откријте каде можете да се снабдите со инсулин во вашата дестинација, Исто така вреди да се провери дали се продава под истото име.
- Летовите честопати минуваат низ временските зони. Ако го третирате дијабетесот со лекови или инсулин, важно е да се консултирате со вашиот тим за менаџирање на дијабетесот. Ако треба да направите било какви промени, запомнете дека жешка или ладна клима може да влијае на тоа како ќе функционираат вашиот инсулин и мониторирање на шеќер во крвта и др.
- Доколку имате пасош на земја членка од Европска унија Аплицирајте за бесплатна европска картичка за здравствено осигурување (European Health Insurance Card -EHIC). Ова ќе осигури да имате лесен пристап до здравствената заштита во таа земја.
- Купете патничко осигурување. Дури и ако имате EHIC, сепак ве советуваме да добиете патничко осигурување. Ова е затоа што картичката не опфаќа одредени работи како што се релокација во итни случаи.
Совети за пакување
- Поделете ги работите за третман на дијабетес во одделни ќеси
- Ако патувате со авион, проверете дали имате резерви за третман на дијабетес во вашиот рачен багаж во случај вашите торби да се изгубат
- Спакувајте дополнителни грицки/храна во случај на задоцнување на авионот
- Кога носите шприцови и инсулин со вас, земете-извештај писмо од вашиот лекар
- Во некои земји, гликозата во крвта се мери во милиграми на 100 милилитри (изразена како mg / dl), а не во милимоли на литар (mmol / l). Погледнете ја шемата за конверзија на глукоза во крвта пред да одите.
Патување со авион и аеродроми
Засилената безбедност на аеродромот значи дека е навистина важно да планирате однапред ако имате дијабетес. Со тоа ќе избегнете да наидете на проблеми во последен момент.
Ограничувањата на аеродромите подлежат на промена, затоа директно контактирајте ја вашата авиокомпанија за да дознаете за било какви промени.
Безбедносни регулативи
Тековните безбедносни регулативи наведуваат дека течните артикали се дозволени само во вашиот рачен багаж ако се во контејнери 100мл или помалку.
Постојат неколку исклучоци, вклучувајќи основни лекови за вашето патување, кои може да бидат дозволени во поголеми количини над сегашната граница од 100 ml. затоа секогаш проверете пред да одите.
На патниците им е дозволено да носат и основна медицинска опрема во рачен багаж, иако сите лекови и опрема мора да бидат поддржани со документација од соодветно квалификувано медицинско лице.
Таблети
Не постои ограничување на бројот на таблети што ги земате преку безбедноста на аеродромите, но сепак ќе треба да земете документација од медицинско лице
Патување со пумпа или CGM
Ако го третирате дијабетесот со пумпа или користите сензор за континуирано мерење гликоза (CGM), проверете дали треба да ја контактирате вашата авиокомпанија пред да патувате. Некои авиокомпании ќе бараат од вас да ги известите за медицинската опрема пред летот и да пополните дополнителна документација.
Исто така, треба да разговарате со вашиот тим за дијабетес пред да одите. Доколку треба да ја отстраните пумпата од која било причина, тие можат да ви обезбедат дополнителна опрема, како што се пенкала за инсулин и да помогнат во планирањето на вашите дози во текот на вашето патување.
Внимание! Ако вашата пумпа или CGM не можат да функционираат без безжичен сигнал, тогаш можеби, поради мешање на фрекфенциите ќе треба да бидете подготвени да го отстраните сензорот- CGM и пумпата и да го третирате дијабетесот со пенкало/инсулин додека сте во воздух. Исто така, треба да го мерите нивото на гликоза во крвта рачно со стандарден мерач на глукоза во крвта. Затоа треба да се информирате пред да тргнете на пат.
Дали е безбедно да се оди преку рендгенски машини или скенери со пумпа?
Ако користите инсулинска пумпа или CGM, не треба да ги ставате преку скенери или било која машина со Х-зраци. Важно е да се знае дека аеродромите користат и машини со Х-зраци. Брановите на Х-зраци може да предизвикаат вашата пумпа или CGM да престанат правилно да работат. Контактирајте со производителот на вашите уреди ако имате какви било прашања во врска со минување преку машини со Х-зраци и скенери за тело.
Ако имате дијабетес и носите медицинска опрема, можете да преземете Medical Device Awareness Card. Оваа картичка има информации за безбедноста на аеродромите во врска со дијабетесот и опремата што ја носите за да спречите било каква забуна.
Инсулин
Земете писмо од вашиот лекар или клиника во кое се објаснува дека имате дијабетес, лекови што ги користите и целата опрема што ви е потребна за лекување на дијабетес. Ова треба да вклучува инсулин, уреди за испорака на инсулин, игли, монитори на гликоза во крвта, таблети за гликоза или ленти за тестирање на шеќер во крвта и за кетони.
Би било корисно ако писмото ја објасни потребата да ги носите со себе сите лекови и опрема во вашиот рачен багаж и да избегнете складирање во куферите. Ова е затоа што ќе се појават проблеми ако багажот се изгуби. Исто така, би било корисно да земете понов рецепт со вас, односно со понов датум.
Пред да отпатувате, дознајте каде може да набавите материјали со инсулин на вашата дестинација во случај на вонредна состојба. Контактирајте го производителот на инсулин пред патувањето за да видите дали вашиот инсулин се снабдува во земјата во која патувате.
Екипажот на кабината може да побара да се предадат лекови за чување за време на летот. Чувајте ги лековите и опремата за дијабетес во вашата торба за да не се изгубат.
Различни временските зони
Патувањата низ временските зони може да значат дека треба да го прилагодите вашиот инсулин. Сите меѓународни летови на исток или на запад вклучуваат преминување на временските зони и деновите ќе бидат скратени или продолжени. Нема потреба да се вознемирувате за ова.
Временски зони и инсулин
Кога патувате од исток кон запад, денот е продолжен и некои клиники ќе ве советуваат да земете дополнителен оброк и да го покриете со дополнителен инсулин. Кога патувате од запад кон исток, денот е скратен и можеби ќе треба да се намали количината на инсулин и јаглени хидрати.
Во принцип, ако промената на вашата временска зона е помала од четири часа, нема да треба да направите големи промени во вашите инјекции.
Повторно, важно е претходно да разговарате за ова со вашиот тим за третман на дијабетес. Кога разговарате за ова, кажете ги сите детали за летот, вклучувајќи го времето за поаѓање, должината на летот и локалното време на пристигнување.
Временски зони и таблети
Ако земате таблети за дијабетес, веројатно нема да имате некои посебни проблеми. Разговарајте со вашиот тим за третман на дијабетес.
Храна и патување
Јадење во авион
Авиокомпаниите можат да обезбедат информации за времето на повеќето оброци за да можете да го испланирате зимањето на вашиот инсулин.
Најдобро е да го нарачате стандардниот оброк, иако тоа можеби нема да ви обезбеди доволно јаглехидрати ако сте на инсулин или одредени таблети за дијабетес. Екипажот во кабината обично може да обезбеди овошје, крекери или друго.
Ако имате проблеми со купување таблети со глукоза откако ќе поминете низ граничниот премин и обезбедување, запомнете дека секој шеќерен не-диетален пијалок, шеќерните слатки, овошниот сок се сите ефикасни доколку треба да третирате хипогликемија.
На долги летови, можеби ќе ви требаат ужинки помеѓу оброците и пред спиење за да спречите нивото на шеќер во крвта да падне. Обидете се да носите дополнителна храна со сложени јаглехидрати. Доколку не носите побарајте! Ако користите инсулин, следете го нивото на шеќер во крвта често и подгответе се да направите промени во дозата.
Јадење во странство
Исхраната за лица со дијабетес е истата здрава диета препорачана за сите, така што треба да бидете во можност да изберете иста храна која ја јадете кај вас. Ако патувате сами, можеби ќе треба да го известите персоналот кога се пријавувате во хотел само во итен случај да знаат како да реагираат за време на вашиот престој.
Нормално има многу можности да пробате различна храна кога сте во странство. И нема причина да не ги пробате само затоа што имате дијабетес, но ако ги имате предвид основите на здравата исхрана.
Еден добар водич за патувања ќе ви даде идеја за локалната кујна, или можете да имате џебен речник или да научите зборови за неколку основни јадења.
Исто така, има Carbs & Cals Pocket Counter или апликација Carbs & Cals за Android или iPhone. Овие ќе ви помогнат да ја споредите храната на вашата чинија со фотографиите во книгата или апликацијата, за брзо да ги видите хранливите материи во вашиот оброк.
Алергии и нетолеранции
Ако имате алергии на храна или нетолеранции, обидете се да ги научите фразите за прашањето дали храната е соодветна за вас. Производи без глутен може да не се вообичаени достапни во некои земји. Ако имате целијачна болест, земете многу производи без глутен со вас како леб, бисквити и крекери.
Ако јадете надвор и се сомневате дали храната е во ред, придржувајте се до обична храна каде јасно може да видите што добивате, како варени компири, салати, месо, риба или обичен ориз.
Труење со храна
Жешките клими го зголемуваат ризикот од труење со храна, особено во земји каде нивоата на санитарни услови не се толку високи како што сте навикнале.
Термички обработена храна е најбезбедна опција и бидете претпазливи за сè што може да остане да стои или да се загрева.
Ако сте загрижени за безбедноста на локалната вода од чешма, пијте до флаширана или стерилизирана вода. Запомнете, исто така, да избегнувате мраз во пијалоци, салати што може да се измијат во вода од чешма и овошје што не можете да ги излупите. Вода во шишиња и пијалаци без шеќер се достапни на повеќето места.
Жешка клима
Во земји со жешка клима најголема закана по здравјето е сонцето, па затоа покријте се, доколку носите инсулинска пумпа, покријте ја пумпата.
Носете облека што ја покрива и штити вашата кожа и проверете дали носите крема за сончање со висок фактор. Луѓето честопати забораваат да го заштит грбот, рацете и вратот, затоа бидете сигурни дека овие делови се покриени и заштитени од сонце.
Очилата за сонце треба да има и етикета UV400 за да бидете сигурни дека ги штитат очите.
Особено внимавајте на нозете ако имате невропатија. Ова може да значи дека нема да осетите дека кожата гори, затоа заштитувајте ги од сонцето. Обавезно облечете сандали на плажа, за да не изгорат или се повредат стапалата од врелиот песок.
Сончање
Вашиот инсулин ќе се апсорбира побрзо од местото на инјектирање во топло време и ова го зголемува ризикот од хипогликемија . Moже треба почесто да ги следите вашите нивоа на шеќер и да бидете подготвени да ја прилагодите диетата или дозата на инсулин.
Бидете внимателни во евентуални погрешните резултати на тестот, бидејќи високите температури може да влијае на точноста на вашиот глукометар.
Исто така, имајте на ум дека ако вашите нивоа се повисоки, ова може да биде резултат на временските услови. Топлината може да го оштети вашиот инсулин и да престане да работи правилно.
За да го задржите вашиот инсулин ладен кога патувате, најдобро е да го чувате во хотелски фрижидер (ако има во вашата соба) или во ладна торба (под услов да не замрзне). Различни ладни вреќи и контејнери за складирање се достапни. Ако користите ладна торба која користи пластични мраз блокови, проверете инсулинот да не стапи во контакт со замрзнатите пластични садови.
Ладна клима
Во ладно време, вашиот инсулин на почетокот се апсорбира побавно, но потоа може да се апсорбира одеднаш, кога ќе се загреете подоцна, во текот на денот. Ова може да предизвика да имате хипогликемија. Ако вашето тело исто така троши повеќе енергија да остане топло, на пример, тресење, ова може да доведе до хипогликемија.
Хипогликемиите се поопасни во студени услови. Тоа е затоа што тие се мешаат во обидите на вашето тело да остане топло и да го зголеми ризикот од хипотермија.
Заштитата од хипогликемија е навистина важна, затоа запомнете дека глукометарот можеби не е точен и во ладни услови.
Ако страдате од слаба циркулација или имате невропатија, особено е важно да спречите смрзнатини, бидејќи вкочанетоста во нозете може да значи дека не чувствувате студ.
Разболување додека сте надвор од вашата држава
Треба да разговарате со вашиот лекар за совет пред да одите и да добиете информации од туристичката канцеларија, амбасадата на земјата што ја посетувате за да добиете медицински третман додека сте таму.
• Проверете ја полисата за осигурување, за да знаете за што ќе плаќаат вашите осигурителни компании.
• Дајте му на лекарот генеричко име – не само името на брендот – на вашите лекови.
• Прочитајте повеќе за справување со болести.
Извор :https://www.diabetes.org.uk/guide-to-diabetes/life-with-diabetes/travel
Diabetes (Pocket Guide),Travelling with Diabetes – World Travel Protection