Од 17-тата седница на Владата: Донесена е Одлука за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 со која сите нејзини мерки добиваат правна основа за нивно спроведување

761

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и Објаснувањето околу прогласувањето Пандемија од Светската здравствена организација и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, а со цел превенција и ширење на овој вирус, ги усвои следниве заклучоци, мерки и препораки:

  1. Согласно утврдените категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
    1) Хронични респираторни заболувања;
    2) Тешки кардиоваскуларни заболувања;
    3) Дијабет – ТИП1;
    4) Малигни заболувања; и
    5) Имуно-компромитирачки состојби, ја прифати Листата на дијагнози на хронични состојби добиени во консултација со директорите на Клиниките за ендокринологија, пулмологија, кардиологија и нефрологија и тоа:
  2. 1.1. Хронични респираторни заболувања:
    • ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
    • Астма – J45
    • Интестицијална фиброза – Ј84
    1.2.Тешки кардиоваскуларни заболувања:
    • Срцева слабост со EF<40
    • Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
    • Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
    • Тешка аортна и митрална стеноза
    • Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
    • Имплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
    • Длабока венска тромбоза до 3 месеци

    1.3.         Дијабетес мелитус:

    – Дијабетес тип I – инсулин зависен
    – Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

    1.4.Сите малигни заболувања – C00-C97
    1.5.Имунокомпромитирачки состојби:
    – Состојба по трансплантација на бубрег  – Z94.0
    – Хроничен нефротичен синдром – N04.9
    – Интермитентна хемодијализа – Z99.2
    – Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
    – Некротизирачки васкулопатии,  системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31 – M34.

    Извор : https://vlada.mk/node/20489