Нискојаглехидратна диета

2435

Многу лица со дијабетес ја практикуваат нискојаглехидратната диета, за подобрување на гликемиската контрола. Иако е повеќе практикувана од страна на лица со тип 2 дијабетес, исто така и кај лица со тип 1 дијабетес помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта.

Овој начин на исхрана е здрав начин на исхрана, составена од зеленчук, органска, природна храна.
Во 2015 година diabetes.co.uk  ја промовираше оваа диета со лансирање на програмата Low Carb Program која им помогна на илјадници лица со тип 2 дијабетес да ја подобрат гликемиската контрола и намалат HbA1c.
Оваа диета е посебно погодна за лица со тип 2 дијабетес бидејќи со намален внес на јаглехидрати се намалува и потребата за инсулин, при што доаѓа и до намалување на тежината. На овој начин и резистентноста кај лица со тип 2 дијабетес се намалува.
Бенефит од оваа диета:
Се намалува HbA1c
Се намалува телесната тежина
Дава повеќе енергија во текот на денот
Се намалува потребата за шеќер и слатки
Подолгорочно се намалуваат ризиците од развој на компликации
Негативни ефекти од диетата се:
Главоболка, некогаш проследена со умор
Запек
Недостатоци од нутриенти
Почести хипогликемии
Што се смета за мал внес на јаглехидрати?
Според истражување направено во 2008 година внесот на јаглехидрати се дели на 3 категории:
Умерен внес на јаглехидрати : од 130 до 225 гр/дневно
Низок внес на јаглехидрати : под 130 гр/дневно
Многу Мал внес на јаглехидрати : под 30 гр/дневно
Генерално секој треба да внесува јаглехидрати според потребите но лица со тип 1 дијабетес се препорачува да имаат умерен или низок внес.  
Додека лица со тип 2 дијабетес може да ја применуваат диетата со многу низок внес која воедно и се смета како кетогена диета но не за долг период. Секако секој што ќе одбере да ја применува оваа диета треба да биде под постојан лекарски надзор поради опасност од хипогликемија.
За да се практикува оваа диета треба да се внимава на следното:
Да се внесе голема количина на зеленчук
Умерен внес на масти, умерен внес на протеини
Да се изнегне внес на процесирани и рафинирани продукти
Јаглехидратите се основен извор на енергија на клетките. Со разложување на јаглехидратите на гликоза, доаѓа до покачување на шеќерот во крвта зависно од внесот на истите. 
Бидејќи со намалување на јаглехидрати се намалува и внесот на калории, се препорачува да се надополни со поголем внес на масти и протеини.
Се препорачува внес на:
-Месо (од домашно одгледани животни)
-Риба
-Млечни производи
-Јајца
-Јаткасти плодови
-Авокадо
-Маслинки
-Маслиново масло
На овој начин се овозможува избалансиран внес на мононезаситени, незаситени и заситени масти.
Доколку оваа диета го намалува крвниот шеќер многу често се прашуваме зашто не е препорачувана од NHS (National Health Services )?
Причината е во тоа што нема доволно докази дека е безбедна поради мал број на истражувања кои се направени на месечна база a не на подолгорочна база. Во пократки истражувања се покажува дека диета со низок внес на јаглехидрати (low-carb diet) е подобра во споредба со диета на мал внес на масти (low-fat diet), но само со кратки, едно месечни истражувања.

Извор: http://www.diabetes.co.uk/diet/low-carb-diabetes-diet.html;Dreamstime.com