На кои адитиви да внимаваме,дали емулгаторите се штетни за нас

202

Кои се Е броевите на адитивот во  храна?

Лицата со дијабетес, посебно со тип 1 дијабетес, треба да ја избегнат употребата на адитивите а во нив спаѓаат и емулгаторите.

Храната што се продава низ ЕУ има целосно означување на состојките од средината на 1980-тите. Тие вклучуваат стандардни кодови (броеви Е) кои точно ги опишуваат адитивите.
Е, се шифри за супстанции што се користат како адитиви за храна; козметика, детергенти и др
Адитивите се делат:

Е100 до Е 199 =генерално прехрамбени бои
Е200до Е299 =конзерванси
Е300 до Е399 =главно антиоксиданси и регулатори на киселост
Е400 до Е499 =згуснувачи,стабилизатори, емулгатори
Е500 до Е599= регулатори на киселост и средства против стврднување
Е600 до Е699 =засилувачи на вкус
Е700-Е799 =антибиотици
Е900 до Е 999 =Средства за глазирање, засладувачи
Е1000-Е1599 = додатни адитиви(Нови хемикалии кои не спаѓаат во стандардните шеми за класификација)

Бои
E104 Зеленкасто жолта – Ограничена употреба по закон вп ЕУ
E105  Жолта боја -Забранета  за употреба во ЕУ и САД
Е110  Жолто портокалова -Ограничена употреба во ЕУ , Забранета во Норвешка
Е121 Темно црвена- Одобрена во САД САМО  за боење на корите од портокалот
Е122 Црвена кон кафена-Забранета во Канада, Јапонија, Норвешка ,ЕУ во процес на истражување
Е123 Црвена-Забранета во САД
Е124 Црвена-Ограничена употреба во ЕУ
Е129 Црвена- Забранета во Швајцарија
Е143 Зелена-Забаранета во ЕУ
Е154 Кафена-Прво одобрена во ЕУ потоа 2011 Забранета
Е160f – Портокалова-Цревена боја-кон жолта -Забранета во ЕУ
Е171 Кафена Ограничена а потоа  2022 забранета во Еу поради сомнежи на канцерогени ефекти
Конзерванси
Е249 YUKA невладина укажува дека Е249 и Е 252 имаат ризик  на канцерогени својства При што е покрената жалба против нив од Француската месна индустрија.

Регулатор на киселост
Е344 =НЕ е одобрена во УК
Емулгатор

Според најнови истражувања два емулгатора се штетни
E466 и carboxymethylcellulose, Е469 Sodium Carboxymethylcellulose,  E433 polysorbate 80  влијаат на цревната микробиота , предизвикувајќи воспаление на цревата

E407 Carrageenan Неофицијално има индикации дека предизикува инфламација на гастроинтестинал тракт

Емулгаторите се адитиви за храна кои помагаат состојки што не се мешаат пример како масло и вода, да се комбинираат со додадена состојка која се вика емулгатор. Емулгатори има во преработена храна, вклучувајќи во мајонез, маргарин, сувомеснати, сладолед, преливи за салати, чоколадо, путер од кикирики и други путери од јаткасти плодови, слатки(кондиторски производи), колачиња, крекери, кремасти сосови, леб, печени производи и сладолед.

Според раните студии, емулгаторите може да имаат негативно влијание врз вашето здравје. Вашето црево е дом на трилиони микроорганизми, наречени микробиоти. Емулгаторите може негативно да влијаат на нив
Стврднувач
Е554 до Е 559 Повлечени до листа на безбедни во Еу

Извор

https://foodinsight.org/emulsifiers-in-food/#:~:text=You%20can%20find%20emulsifiers%20in,baked%20products%20and%20ice%20cream.
https://www.healthyfood.com/advice/emulsifiers-friend-or-foe/
https://www.fda.gov/food/food-additives-petitions/food-additive-status-list