Наут | Дневен внес за исхрана од 2000 килокалории | |
Во 100 гр | %Дневен внес | |
Кило калории | 364 | |
Вкупно масти | 6 гр | 9 % |
Заситени масти | 0.6 гр | 3 % |
Полинезаситени масти | 2.7 гр | |
Мононезаситени масти | 1.4 гр | |
Холестерол | 0 мг | 0 % |
Натриум | 24 мг | 1 % |
Калиум | 875 мг | 25 % |
Вкупно Јаглехидрати | 61б гр | 20 % |
Диетални влакна | 17 гр | 68 % |
Шеќери | 11 гр | |
Протеини | 19 гр | 38 % |
Витамин А | 1 % | |
Калциум | 10 % | |
Витамин Д | 0 % | |
Виатмин Б-12 | 0 % | |
Витамин Ц | 6 % | |
Железо | 34 % | |
Витамин Б-6 | 25 % | |
Магнезиум | 28 % |
Наутот е богат со:
1) Растителни влакна. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето на тенкото, дебелото црево, корисна е за микрофлората, овозможувапостепено испуштање на глукозата во крвта и помага во намалувањето на ЛДЛ холестерол во крвта.
2) Растителни протеини. Скоро сите есенцијални аминокиселини се застапени во оваа храна, со исклучок на метионинот.
3) Има низок гликемиски индекс и со консумирањето не прави силни пикови на глукоза во крвта
4) Превенира кардиоваскуларни заболувања бидејќи е добар извор на магнезиум и калиум, многу важни минерали за здравјето на срцето, кои играат улога во регулирањето на крвниот притисок.
5) Редовното консумирање на наутот го промовира продуцирањето на бутиратот, масна киселина која во некои студии ја поврзуваат со потенцијал да го намали хроничното воспаление на дебелото црево,една од главните причини за рак на дебело црево.Исто така наутот е добар извор на сапонините, растителни компоненти кои во некои студии покажуваат спречување на растот на некои малигни ткива.
6) Погодна е за лица со дијабетес поради присуство на некои витамини минерали како што се магнезиум, Б витамини, цинк итн.
Рецепт со наут: Вегански пудинг со наут
Крцкави крекери од наут
Брауни со наут