Намаз од сончоглед

713

Потребно е:
✅100гр. сончоглед(излупени)
✅50 мл .вода
✅50мл.маслиново масло
✅сок од 1/2 лимон
✅1 чешне лук(опционално)
✅сол, бибер

Подготовка
Се посипува сончогледот со вода, се покрива со фолија и се остава цела вечер.
Следниот ден во блендер се меша сончогледот (веќе набубрен од водата) со маслиново масло, сок од лимон и зачини. Се блендира додека не се добие кремаста смеса.

Придобивки од семките од сончоглед
Семките од сончоглед се богат извор на многу витамини и минерали. Витамин Е, калциум, железо, цинк, магнезиум, селениум, фосфор и манган, умерена количина на протеини и диетални влакна. Сончогледови семки се богати и со омега-3 масни кисeлини.

Нутритивна вредност
Вкупно
992 ккал
26 гр. јаглехидрати од кои
9 гр. растителни влакна
96 гр. масти
19гр. протеини