Предлог за ручек за кој ви треба само половина час⏱
Тава со морски плодови во комбинација со пилаф од булгур
Потребни состојки:
✔️200 гр ракчиња(чистени)
✔️200 гр.школки
✔️2 домата
✔️1 чешне лук
✔️1 с.л маслиново масло
✔️магдонос, копар, сол
Јас најдов замрзнати исчистени, но најдобро е да купите свежи и да ги исчистите сами. За жал кај нас изборот не е голем!
За пилаф од булгур
✔️1 чаша булгур
✔️1 чаша вода
✔️1 домат
✔️Мала главица кромид
✔️1 с л маслиново масло
Подготовка:
Пилаф од булгур
Измијте го булгурот. Исецкајте го кромидот ситно и во тава со маслиново масло испржете го една минута. Додадете рендан домат, промешајте и додатете го булгурот. Измешајте се убаво, зачинете и додадете една чаша млака вода. Поклопете го садот . Проверете доколку водата испари а булгурот не е омекнат додадете уште половина чаша вода.
Подготовка на Тава со морски плодови
Ракчињата и школките ставете ги да се варат околу 10 минути и потоа исцедете ги . Во тава со една лажица маслиново масло, лук, изрендани два домати додадете ги морските плодови да се крчкаат на тивко. Додадете магдонос и копар. Зачинете со сол.
Нутритивна вредност на пилаф од булгур:
Вкупно
659 калории
120 гр.jаглехидрати
21 гр растителни влакна
16 гр. масти
20 гр. протеини
Нутритивна вредност на
Тава со морски плодови:
Вкупно
534 калории
22 гр. јахлехидрати
4 гр. растителни влакна
20 гр. масти
69 гр. протеини