Моментот кога сфатив дека има пострашни работи во животот од дијабетот

2041

Дијабетот ми го открија на 15 октомври 1998 година. Имав само 6 години. Бев многу мала и единствено нешто што знаев е дека не можам да јадам благо и дека морам редовно да ставам инсулин. Боцкањето со инсулин за мене беше многу болно искуство.

Но, за помалку од една година, во јули 1999 година, мојата слика за дијабетот се промени. Заедно со моите родители и сестра ми отидовме на одмор во Грција. Eдно попладне, додека се бањав во плиткото плиткото и уживав во заоѓањето на соцнето, до мене седна еден повозрасен човек. На прв поглед изгледаше како и сите нормални луѓе. Но, по неколку минути забележав дека нешто не е во ред со неговата десна нога. Во еден момент, тој ја извади својата пластична нога и тогаш забележав дека му недостига половина нога. Во истиот момент, ги погледнав своите нозе, па повторно ја погледнав неговата десна нога. Тогаш сфатив дека јас имам две нозе, со кои без проблем можам да одам, да трчам, да скокам. Иако, имаше протеза на ногата која колку толку му го олеснуваше одењето, сепак ја немаше таа слобода која што ја имав јас. Тоа беше моментот кога иако имав само 6ипол години, сепак сфатив дека дијабетот воопшто не е страшна болест и дека постојат посерозни проблеми и болести со кои луѓето се соочуваат.

Животот со дијабет воопшто не е страшен. Напротив, редовната контрола на гликозата во крвта  и редовното примање на инсулинска терапија, ќе ви овозможи да имате нормален живот. Во моментите кога ќе помислите на оваа „страшна болест“, сетете се дека на овој свет постојат многу луѓе без нозе, без раце и други проблеми, кои сепак, ја наоѓаат позитивната смисла на животот.

Извор: http://diabetesismylife.com/%d0%bc%d0%be%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%be%d0%b3%d0%b0-%d1%81%d1%84%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b4%d0%b5%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bc%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%88/