Здружение Алегрија 13.12.2016
Од 6 до 11.12.2016 по петти пат се оддржа кампот за млади дијабетес лидери на Србија, во Гамзиградска бања. Ние ја имавме честа на овој камп да учествуваме како предавачи и да зборуваме за активностите кои ги имаме во Македонија. Кампот беше оганизиран од Дијабетолошкиот сојуз на Србија, учествуваа 25 учесника од различни градови низ земјата.
Деновите беа исполнети со различни предавања, вежби и работилници како и спа програма, физички активности и посета на археолошкиот локалитет Феликс Ромулијана.
За нас претставува огромна чест што бевме дел од овој камп и што имавме можност да ја претставиме нашата работа.
Со почит
Алегрија