Масла за готвење и нивна точка на чадење

219

Вечита дилема за мене! Кое масло да го користам за готвење?
Точката на чадење на маслото е пресудно!
Кога маслото се загрева над точката на чадење тогаш се ослободуваат слободни радикали кои се канцерогени. Долго мислев дека маслото од семки од грозје е најдобро. Како што истражувам доаѓам до заклучок дека маслиновото масло складирано во темни шишиња всушност е најдобро. Затоа што содржи полифеноли кои ја одржуваат стабилноста на масните кисели за време на пржењето.
Стануба збор за маслиново масло НЕ за Ладно цедено маслиново масло! Сончогледово и пченкарното маслo содржи долго синџирести масни киселини кои трпат промени и создаваат штетни соединенија Генерално се водам по оваа табела каде се дадени точките на чадење на маслата. Висока точка на чадење
За Пржење (stir frying)
Маслиново масло 198-246с
Пченкарно масло 200 -232с
Масло од канола 200-246с
Масло од семки од грозје 215с
Рафинирано сусамово масло 210с
Рафинирано сончогледово масло 230с(не го употребувам)
Рафинирано масло од кикирики 230с
Средна точка на чадење
(Соте печење)
Рафинирано кокосово масло 204с
Нерафинирано масло од авокадо 180-204с
Рафинирано кокосово масло 200с

Ниска точка на чадење
(Соте)
Ладно цедено маслиново масло 160с Нерафинирано сусамово масло 160 Нерафинирано кокосово масло 176с

Изворhttps://www.webstaurantstore.com/article/800/cooking-oil-smoke-points.html