Магнезиум

2854

МАГНЕЗИУМ
Бенефит

Магнезиумот е важен минерал кој ја зголемува ефективноста на инсулинот, односно го овозможува внесувањето на гликозата во клетката и во митохондриите (клеточни органели во кои гликозата се претвара во енергија). Во услови на инсулинска резистенција и хипергликемија  голема количина од магнезиумот  се исфрла преку урината, што доведува до недостаток од овој минерал и нарушен метаболизам на гликозата. Магенизиумот е потребен за многу хемиски реакции во телото пример пренос на нервни сигнали, синтеза на протеини, создавање на коскено ткиво. Заедно со калциумот помага за контракција на мускулите, згрутчување на крвта и регулација на крвниот притисок. Помога во изградба на коски и заби. Помага во превенција од кардиоваскуларни заболувања. Го одржува нивото на холестерол во нормално ниво. Во комбинација со калциум делува како природно средство за смирување. Магнезиумот во комбинација со витаминот Б6 е ефикасен против формирање на калциум оксалатни камења во бубрезите.
Добри извори на храна
Зелен зеленчук како што се спанаќ и брокула, легуминози, семе од сончоглед и други семиња, леб од цело зрно, млеко, суви кајсии, сливи, цвекло, морков, смокви, бадеми, банани, какао и др.
Треба да знаете
Поголема количина на магнезиум во телото се наоѓаат во коските. Ако нивоата магнезиум во крвта се ниски, вашето тело ги користи овие резерви. Доколку консумирате алкохол потребна ви е поголема доза на магнезиум. Недостаток на магнезиум доколку се работи за мали количини може да доведе до различни болести на срцето..Исто така недостаток на магнезиум може да доведе до остеопороза.
Препорачан дневен внес 18+ M:420 мг, Ж: мг;

Извор
https://www.health.harvard.edu/staying-healthy/listing_of_vitamins