Потребни состојки
200 гр интегрален басмати ориз
½ краставица
4 парчиња млад кромид
1 китка кориандер
1 с.л маслиново масло
1 црвена пиперка
1 зелена чили пиперка
2 лимони (зелени)
1 2 с.л масло од сусам
500 гр лосос
50 гр свеж ѓумбир
хималајска сол
Подготовка
Во сад со зовриена вода ставете го оризот да се вари околу 20-25 минути. Потоа, исцедете го и оставете да се олади. Исецкајте ги краставицата, кромидот, кориандерот, црвената пиперка, зелената чили пиперка и измешајте ги со оризот, при тоа додадете,сок од лимон и масло од сусам и хималајска сол. Покријте го садот и оставете да се олади. На друга страна, ѓумбирот ставете го во преса за лук и исцедете го сокот од него.Измешајте ја добиената течност со лимонов сок и маслиново масло, малку хималајска сол и маринирајте го лососот и оставете да стои околу 30 минути. Испечете го лососот во загрена рерна. Послужете го лососот со салата од ориз и зелена салата.
гр/мл | к.калории | јаглени хидрати |
диетални влакна | протеини | масти |
Вкупно | 1679 | 172.9 | 15 | 47.4 | 39.4 |
Порција | 419 | 43 | 3.7 | 11.8 | 9.8 |
Лососот е богата со Омега -3 масни киселини , кои се препорачуваат во исхраната на лица со дијабетес |
(сликата е превземена од www.just-nice-things.co.uk)