Најбрз и најквалитетен ручек што се подготвува за само 20 минути
Лососот е одличен извор на омега-3 масни киселини посебно на ЕПА (еикосапентаенска киселина ) и ДХА (докосахексаенска киселина) кои имаат силно противвоспалително дејство. Лососот е богат со Триптофан, Селен, Витамин Б3, Б12, Фосфор, Витамин Б6, Магнезиум. Најдобар начин на подготовка е печен лосос не повеќе од 20-25 минути. Треба да се одбегнува пржење на лососот во масло. Најдобро е да се спрема во сад од не’рѓослив челик. Јас користев хартија за печење во сад од инокс
Потребни состојки
450 гр филети исечени на две парчиња
3 с.лаж. лимонов сок
2 с. лаж. маслиново масло
1 чешне лук
сол
450 гр филети исечени на две парчиња
3 с.лаж. лимонов сок
2 с. лаж. маслиново масло
1 чешне лук
сол
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 -220 C Втријте лимонов сок, сол во филетите. Печете околу 20 мунити. Кога ќе се испече рибата прелијте ја со маслиново масло и зачинете со лимонов сок, сол бибер.
Загрејте ја рерната на 200 -220 C Втријте лимонов сок, сол во филетите. Печете околу 20 мунити. Кога ќе се испече рибата прелијте ја со маслиново масло и зачинете со лимонов сок, сол бибер.
Дали знаевте?
Зошто лососот во одгледувалишта не е добар?
Лососот апсорбира каротеноиди од ракчињата со кои се храни. Одгледан лосос таа розева боја ја добива од синтетичкиот пигмент кантаксантин . Од 2004та година, супермаркетите во САД мораат покрај лососот да истакнат ознака за потеклото, дали е одгледан дали е див лосос.