Лекарите им помагаат на децата со дијабетес Тип 1 и родителите преку едукација

1866

 

Во Велес има регистрирано 9 деца на возраст до 15 години со дијабетес Тип 1. Нив и на нивните родители им е потребна постојана едукација кога и како се мери шекерот во крвта. Иако бројката е мала таа е загрижувачка во однос на возраста на децата. Ним им е потребна постојана едукација, соработка и поддршка од лекарите . Со таква цел, во четвртокот на 21 декември, Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче – Лолипоп Велес, одржа едукативна работилница на тема „Мерење и претворање на јаглехидради во лебни единици во исхраната на децата“.

На одржаната работилница, родителите и децата, ги слушнаа потребните информации од д-р и Елена Левкова Ќулумова специјалист по интерна медицина , дијабетолог од велешката Општа Болница.

Докторката зборуваше за значењето на редовно мерење на гликемија и навременото реагирање кое овозможува избегнување на хипо или хипер гликемии, за начините и методи што се пресметуваат како прием на инсулин според интернационални единици а одговараат на бројот на лебни единици претворени во јагленохидрати.

– При тоа беше нагласено дека важно е да се има во превид дека не важат општи правила за сите туку секој е индивидуален пример и мора да се води посебна грижа и внимание за секое дете, констатираше Димче Велес, претседател на Здружението на лица со дијабетес „ Шеќерче – Лолипоп“ од Велес ./У.Ј

Извор:http://www.duma.mk/region/veles/24108-1