Круша

671

Крушата е богат извор на витамин Ц, витамин К, бакар, манган, магнезиум како и б-комплекс витамини.
Свежите круши се извонреден извор на калиум кој влијае врз здравјето на срцето. Една круша со средна големина содржи околу 210 мг калиум.
Исто така богата е со растителни влакна. Влакната ја регулираат работата на цревата и придонесуваат за здравјето на дигестивниот тракт.
Крушата е едно од овошјата со најмалку калории (една круша има околу 100 килокалории (kcal) и е идеална за диети. Крушите се богати со витамин А, што е важно за заштита на очите, видот. Покрај сето наведено, крушите се богат извор и на низа антиоксидативни компоненти.
Антиоксидативни фитохемикалии кои се пронајдени во крушите:
хидроксибензоични киселини
кумарична, ферулична киселина
флавоноиди (изорхаметин, кверцетин, кампферол)
антоцијанини
каротеноиди (бета каротен, лутеин и зеаксантин)
арбутин
катехин, епикатехин

Процијанидинот помага во намалување на ЛДЛ и покачување на ХДЛ холестерол.
Во своите лушпи, крушите содржат кверцетин, антиоксидант кој помага за здравје на срцето, намалување на крвен притисок и инфламација.

Во 100 гр
Кило калории 57
Вкупно масти 0.1 гр
Заситени масти 0 гр
Полинезаситени масти 0.1 гр
Мононезаситени масти 0.1 гр
Холестерол 0 мг
Натриум 1 мг
Калиум 116 мг
Вкупно Јаглехидрати 15 гр
Диетални влакна 3.1 гр
Шеќери 10 гр
Протеини 0.4 гр