Крем супа од морков и ѓумбир

695

Потребни состојки:
1кг излупени моркови
1 с.л изрендан свеж ѓумбир
3 чешни лук
1 с.л маслиново масло
5 чаши булјон од супа од зеленчук
1 м.л сув кориандер
1 м.л зачин all spice (овој зачин содржи мускатно оревче, цимет, лук и бибер).
1 1/2 чаша бадемово млеко

Подготовка
Се става морковот во загреана рерна врз хартија за печење, се посипува со сол бибер маслиново масло и се пече на 200с околу 40 минути додека да омекне и карамелизира. Се остава да се олади и се сече морковот на мали парчиња и со лукот и ѓумбирот и 3 чаши булјон се става во блендер. Кога ќе се добие кремаста маса се става во сад за готвење и се додаваат уште други две чаши булјон. Се додава кориандер и зачинот аll spice. Кога ќе зоврие се намалува огинот и се додава бадемовото млеко. Кога повторно ќе зоврие се трга од огин .

Рецептот е на Нутриционист Кh.

Нутритивна вредност🔎
599 калории
102 гр.јаглехидрати од кои
29 гр. растителни влакна
20 гр. масти
12 гр. протеини