Креираме порција, завршна работилница

1505

Здружение Дијабетичари Велес, 25.02.2017

последен колаж
Здружението на лица заболени од дијабет „Шеќерче – Лилипоп“ од Велес, согласно својата мисија и годишна програма за работа, на ден 25.02.2017 година, ја организираше завршната работилница, од серијалот на работилници кои имаа за цел да се едуцираат дијабетичарите и нивните семесјтва за креирање на порции за оброк потребни во еден ден.
На оваа работилница, д-р сци. Елена Левкова Ќулумова, изврши кратко предавање и презентација за како специфично да се споредуваат лебни единици  со калории и јаглехидратите во секоја од храната која се прима со еден оброк. Сите учесници имаа можност да извршат подоготовка на ужинка со мал број на лебни единици.
Оваа работилница е поддржана од Новонордиск Фарм Скопје

Текстот е превеземен од фејсбук страната на  Здружение Дијабетичари Велес