Здружение Дијабетичари Велес, 19.02.2017
Здружението на лица со дијабет „Шеќерче – Лилипоп“ од Велес, согласно својата мисија и годишна програма за работа, на ден 18.02.2017 година, ја организираше првата работилница со цел да се изврши едукација на дијабетичари и на нивните семејства за креирање на порции за оброк потребни во еден ден.
На оваа работилница, д-р Страхил Тодоров изврши кратко предавање за дијабетот тип 2 и за можните послeдици од него, како и за превенција и потребни мерки и активности кои секој Дијабетичар е потребно да ги спроведува за да може состојбата со дијабетот да не го загрозува виталното здравје на секој од нив. Нутрициониската Цветанка Петрова одржа предавање и презентација за како се одредува калоричноста на храната, шеќерите и јаглехидратите во секоја од храната која се прима. Исто така ги запозна со начините на споредување на мерните единици кои се потребни да се применат при подоготовка на еден оброк за секој од дијабетичарите. На самиот крај, сите учесници имаа можност да извршат подоготовка на ужинка со мал број на лебни единици.
Работилницата е прва од серијата која ќе следи посветена на едукација на дијабетичарите со подоготовката на 6 оброци во едно дено-ноќие. Оваа работилница е поддржана од Новонордиск Фарм Скопје, кој слави јубилеј 25 години работа во Република Македонија. Исто така на истата присуствуваа и активно учествуваа пријателите и поддржувачи на ова здружение РОШ Македонија, Адриамед и Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Република Македонија г-дин Бојан Ќимов.