Костадин Мартинов го одбележа Светскиот ден на дијабетес со учество на Маратонот „Plavi krug oko Ade”во Белград, при што ја доби престижната награда „Nino“ за промоција и ширење на свеста и значењето на спортот кај лицата со дијабетес и медалја за учество на маратонот. Ова беше воедно и јубилеен десетти маратон во кој Костадин зеде учество.