Што е Kорона вирус (2019-nCoV)
Прашања и одговори
Колку е опасен 2019-nCoV?
Како и другите респираторни заболувања, инфекцијата со 2019-nCoV може да предизвика умерени симптоми вклучително: течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои лица може да се јави потешка клиничка слика, односно може да дојде развој на пневмонија или тешкотии во дишењето.
Дали може 2019-nCoV да се пренесе од човек на човек?
Да, 2019-nCoV предизвикува респираторнo заболувањe и може да се пренесе од човек на човек, обично по близок контакт со заболен, на пример дома, на работно место или во здравствена установа.
Кој може да се зарази со 2019-nCoV?
Луѓето кои живеат или патуваат во област каде што циркулира 2019-nCoV може да бидат изложени на ризик од инфекција.
Кој е изложен на ризик од развој на потешки симптоми од 2019-nCoV?
Треба да се направат дополнителни истражувања за да се дадат прецизни информации за тоа како 2019-nCoV влијае врз луѓето. Според достапните податоци, постарите лица и лицата со претходно постоечки заболувања (дијабетес, срцеви заболувања и др.) имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми.
Како се пренесува 2019-nCoV?
Новиот коронавирус е респираторен вирус кој примарно се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Важно е сите да практикуваат добра лична хигиена. На пример, кога кивате или кашлате користете марамче за една употреба и веднаш фрлете го, а доколку немате марамче покријте ги устата и носот со раката свиткана во лактот. Исто така, многу е важно луѓето редовно и темелно да ги мијат рацете со сапун и вода или со дезинфициенси базирани на алкохол.
Колку долго преживува 2019-nCoV на површини?
Сѐ уште не е познато колку долго преживува 2019-nCoV на површини, иако првичните информации сугерираат дека вирусот може да преживее неколку часа. Едноставни средства за дезинфекција можат да го уништат вирусот, со што веќе не е можно да зарази луѓе.
Според моментално достапните податоци, се смета дека е можно лицата заразени со 2019-nCoV да бидат заразни и пред да развијат симптоми на болест.Сепак, вирусот најчесто го шират лица кои имаат симптоми.(1)
Коронавирус и дијабетес
За да се намали ризикот од заболување, лицата со дијабетес, треба да го држат добро нивото на шеќер во крвта, со тоа што:
-Rедовно ќе го мерат шеќерот во крвта,
-Со внесување на нутритивно богата храна,
-Со намалување на стресот и
-Со добар, мирен сон.
Според Dan Howarth, шеф на одделот за дијабетес во Велика Британија, Корона вирус или Ковид-19 може да предизвика компликации кај луѓе со дијабетес.
Dan Howarth изјави: „Ако имате дијабетес и имате симптоми како што се кашлица, висока температура и чувство на недостаток на здив, треба внимателно да го следите шеќерот во крвта и да ја повикате телефонската услуга која е дадена од соодветната здравствена институција“.
Едноставни чекори за да го намалите ризикот од заразување со вирусот.
1. Редовно мијте ги рацете
2. Одржувајте растојание од 1 метар меѓу вас и евентуално заболеното лице
3. Практикувајте добра хигиена
4.Не го допирајте лицето доколку рацете не ви се чисти.
5.Останете информирани и следете ги советите од официланите надлежни институции.(2)
Извор
1.http://iph.mk/wp-content/uploads/2020/02/Prasanja-i-odgovori-.pdf 2.https://www.diabetes.co.uk/your-guide-to-the-coronavirus-should-i-be-worrie/?fbclid=IwAR1-vw2THt9-92IjQ7iUr5JhlEK3tBKSBTtTrtz8ELWvqEIzYfd9kmYUS2w
(сликате е превземена од express.co.uk)