Корен од целер со портокал и лимон

670

Потребни состојки:
2 главици корен од целер
2 моркова
1 кромид
1 портокал
1 лимон
1 с.л маслиново масло
Лист од целер
сол, бидер

Подготовка
Се лупи целерот и се премачкува со лимон за да не потемни
Се вади средината, се лупи морковот и се протнува во средината и се сече вишокот.
Се сече коренот на кришки дебелина на прст.
Во тава се става 1 с.л маслиново масло, исецкан кромид и се пржи една минута и се додава една чаша вода. Се реди целерот во тавата, се додава сок од портокал и 1 лимон сол, бибер и лист од целер. Се поклопува тавата и се намалува огинот и се остава да се динста додека не омекне.

Нутритивна вредност
Во 100 грама корен од целер има
Сиров Варен
Јаглехидрати 9.2 гр. 5.9 гр.
Растителни влакна 1.8 гр. 1.2 гр.
Протеини 1.5 гр 1 гр.
Масти 0.3 гр. 0.2 гр
Витамин Ц 13% од DRI 6% од DRI
Витамин Б6 8% од DRI 5% од DRI
Витамин K 51% од DRI непознат
Фосфор 12% од DRI 7% од DRI
Калиум 9% од DRI 5% од DRI
Манган 8% од DRI 5% од DRI
(DRI=препорачан дневен внес)

Повеќе за продобивки од целерот на http://foodmeridian.com/%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b4-%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%80/

АКЦИЈА
Претодна содржинаКорен од целер
Следна содржинаКруша