Целерот се состои од три дела, листови, стебленце и корен.
Коренот од целерот е богат со растителни влакна и е добар извор на витамин Б6, витамин Ц и витамин К. Исто така, содржи важни минерали, како што се фосфор, калиум и манган. И најважно, за разлика од други коренести зеленчуци (пример компир) има малку маснотии, помалку јаглехидрати и е нискокалорична.
Коренот од целер е богат со антиоксиданти и одредени хранливи состојки кои се од големо значење за одржување на добро здравје.Богат е со:
Флавоноидни антиоксиданти: апигенин, лутеолин, кампферол и кверцетин
◦ селинен
◦ лимонен
◦ферулична киселина
◦ витамин Ц
◦ каротеноиди
Поради содржина на Апигенин, коренот на целерот се смета за моќен антиоксидант и има антиканцерогено дејство.
Во 100 грама корен од целер има
Сиров Варен
Јаглехидрати 9.2 гр. 5.9 гр.
Растителни влакна 1.8 гр. 1.2 гр.
Протеин 1.5 гр 1 гр.
Масти 0.3 гр, 0.2 гр
Витамин Ц 13% од DRI 6% од DRI
Витамин Б6 8% од DRI 5% од DRI
Витамин K 51% од DRI непознат
Фосфор 12% од DRI 7% од DRI
Калиум 9% од DRI 5% од DRI
Манган 8% од DRI 5% од DRI
(DRI=препорачан дневен внес)
Контраиндикации
Целерот е богат со витамин К, што може да влијае на згрутчување на крвта. Затоа, луѓето со нарушувања на коагулацијата на крвта кои земаат лекови како варфарин треба да избегнуваат прекумерна консумација на корен од целер.
Покрај тоа, високите нивоа на калиум и фосфор можат да го направат несоодветен за луѓе со проблеми со бубрезите.
Рецепт со корен од целер : http://foodmeridian.com/%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b4-%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%80-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%bd/