Кетогена диета

6576

Кетогена диета се базира на минимален внес на јаглехидрати а висок внес на масти и соодветен на протеини. Иако диетата е промовирана уште во 1921 од страна на ендокринологот Др.Henry Geyelin за лечење на епилепсија, на популарност добива после 1994 година. Многу е слична со Аткинсовата диета со таа разлика што во споредба со Аткинсовата диета внесот на протеини е помал додека внесот на мастите е многу висок.
Многу често во кетогени диети внесот на јаглехидратите се намалува до само 40 гр дневно, со цел мастите да станат примарен извор на енергија. Некои истражувања покажуваат дека кетогена диета може да биде ефикасна за лица со  тип 2 дијабетес, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта иако самата диета наидува на многу критики во поглед на безбедност доколку се применува подолго време.

Што е карактеристично за кетогена диета?
Терминот “кетогена диета” може да се користи за било која диета при што внесот на јаглехидрати е низок и која редовно предизвикува кетоза. Овие диети обично се со висока содржина на масти, намалена содржина на јаглехидрати и соодветен внес на протеини. Исто така постои спесифична кетогена диета која се применува при контрола на епилепсија кај деца.
Медицинска кетогена диета

Медицинска кетогена диета обично вклучува тежински сооднос од 4:1, со 4 дела енергија од масти и 1 дел енергија комбинирана од јаглехидрати и протеини. Секој кој ја започнува оваа диета се препорачува да се консултира со лекар.
Како се постигнува кетогена диета?
При кетогена диета се доаѓа до кетоза со исклучување на храна која содржи  јаглехидрати како што е леб, тестенини, житарки, шеќер, скробно овошје и зеленчук. Во нормални услови јаглехидратите се разложуваат во глукоза која се користи како основен извор за енерија на клетките. Кога недостигаат јаглехидрати, телото ги користи мастите како извор на енергија. Во црниот дроб мастите се претвараат во масни киселини и во кетони кои обезбедуваат енергија за нормална работа на мозокот. 

Видови на кетогена диета
-Стандардна кетогена диета: низок внес на јаглехидрати, умерен внес на протеини и висок внес на здрави масти.
-Циклична кетогена диета: при што 5 дена во неделата има низок внес на јаглехидрати другите 2 дена внесот на јаглехидрати се зголемува.
-Високо протеинска кетогена диета : слична е на стандардна само што се вклучуваат повеќе протеини. Соодносот е 60% масти, 35 % протеини и 5 % јаглехидрати.
-Таргетирана кетогена диета: дозволува поголем внес на јаглехидрати доколку се работи за понапорни тренинзи.
Иако има контраверзни мислења дали лица со тип 1 дијабетес може да ја применат оваа диета, автор на книгата “Ketogenic Diet Type 1 Diabetes” Ellen Davis и коавторот Dr. Keith Runyan кој има тип 1 дијабетес, ја препорачуваат оваа диета како многу ефикасна за лица со тип 1 дијабетес. Dr. Runyan перфектно го регулира шеќерот со оваа диета, со HBA1C  5, без  големи хипо или хипер гликемии (повеќе инфомрации на http://www.ketogenic-diet-resource.com/treatment-for-diabetes.html ).
Сепак научниците тврдат дека при примена на оваа диета секогаш треба да се консултира стручно лице. Според многу експерти пролонгираниот период на изложеност на кетони, која е заедничко својство на диети со мал внес на јаглехидрати, се смета за штетен.

(Текстот е превземен од http://www.diabetes.co.uk/diet/ketogenic-diet.html;
 http://www.ketogenic-diet-resource.com/treatment-for-diabetes.html; http://www.najbrzadijeta.com/blog/keto-dijeta-za-mrsavljenje/; сликата е превземена од http://www.drfeelgood.si/blog/2015/10/27/najpomembnejsa-tekma-vasega-zivljenja-6-del-kaj-se-pravzaprav-dogaja-v-telesu-brez-hrane/)