Кајсии

1880

Кајсии се портокалово обоени плодови богати со бета-каротен и диетални влакна. Кајсиите се одличен извор на витамин А ( во форма на про-витамин А каротеноид), добар извор на витамин Ц, бакар, калиум и диетални влакна. Кајсиите сорджат фитохемикалии наречени каротеноиди, кои ја даваат портокаловата боја на овошјето и зеленчукот.
Бенефит
Заштитуваат од срцеви заболувања.
Флавоноиди и други видови на полифеноли кои се наоѓаат во кајсиите овозможуваат превенција од срцеви заболувања.
Богати се со антиоксиданси. Помеѓу поважните антиоксиданси во кајсиите ќе ги издвоиме: Quercetin, Proanthocyanidins, Catechins, Epicatechins и др.
Го заштитуваат видот.
Кајсиите се богати со каротеноиди и ксантофили, хранливи материи за кои истражувачите веруваат дека можат да помогнат во заштитата на видот од оштетувањето кои се поврзани со стареењето.
Заштитуваат од инфламација.
Кајсиите заштитуваат од инфламација поради големата содржина на катекини. Овој фитонутриент има антиинфламаторно својство.
Богатата содржина со диетални влакна го подобрува варењето и го поддржува дигестивниот тракт. Кајсијата содржи растворливи диетални влакна кои го контролираат нивото на холестеролот во крвта.

Кајсија (свежа)
Г.И. Среден
1 голема кајсија
35.00 гр.
Нутриенти Количина
Протеини 0.49 гр
Јаглехидрати 3.89 гр
Масти вкупно 0.14 гр
Диетални влакна 0.69 гр
Калории 16.80
DRI(Dietary Reference Intakes)
Препорачан дневен внес
Витамин Ц  5%
Витамин А  4%
Калиум  3%
Вакар  3%
Диетални влакна  3%

 

Извор:http://www.whfoods.com/genpage.php?tname=foodspice&dbid=3

АКЦИЈА
Претодна содржинаКруша
Следна содржинаПраски