Каша со јаболко-јаткасти плодови и ѓумбир

725

Предлог за здрав појадок
Каша со јаболко-јаткасти плодови и ѓумбир
Потребни состојки
✔️ 2 с. лажици бразилски ореви и бадеми (преку ноќ киснати во вода)
✔️1 јаболко, излупено , ситно сецкано
✔️2 суви смокви,
✔️¼ м.л свеж ѓумбир,
✔️1 м.л гоџи бери
✔️½ м.л мелено ленено семе,
Подготовка
Во блендер сомелете ги јаткастите плодови. Додадете ги јаболкото, смоквите и ѓумбирот
Ставете ја смесата во чинија и посипете со гоџи бери и ленено семе. (Јас наместо гоџи бери употребив аронија)
Нутритивна вредност🔎
264 калории
33 -36гр јаглехидрати
9 гр растителни влакна
9 гр. масти
4 гр. протеини