Карфиолот е особено популарен растителен зеленчук во повеќе од 10 западно европски земји. Некаде се консумира варен во некои земји не. Неодамнешните студии покажаа дека 3 минутното потопување на карфиолот во полн сад со врела вода е доволно за да се извлечат повеќето од фитонутриентите (глукозинолатите и флавоноидите) кои инаку се губат доколку карфиолот се вари.
Но исто така неколку неодамнешни студии покажаа дека варен карфиол значително ја подобрува неговата способност да се врзува со жолчните киселини. Бидејќи врзувањето на жолчните киселини е добро познат метод за помагање на регулирање на нивоата на холестерол во крвта, овие студии укажуваат на потенцијални кардиоваскуларни придобивки од консумирање на варен карфиол.
Здравствени придобивки
Можеби затоа што најчесто конзумираните сорти на карфиол се бели, многу луѓе не можат да го поврзат карфиолот со исто богатство на хранливи материи како зеленолиснатиот зеленчук како што се брокулата или кељот. Белите сорти на карфиолот се исто толку богати со фитонутриенти како зеленолиснатите зеленчуци, а ова богатство на хранливи материи е примерот со богатата содржина со глукозинолати.
Глукозинолати во карфиолот
Фитонутриентите кои ги обезведува карфиолот доаѓаат од глукозинолатите. Поважните глукозинолати во карфиолот се: глукобрасцитин, глукоиберин, глукоуруцин, глукорафанин, нео-глукобрастицин, прогоитрин итн
Листата на телесни системи поддржани од внесот на глукозинолати од карфиол и други растителни зеленчуци вклучуваат заштита на кардиоваскуларен, дигестивен, имун систем. Исто така карфиолот има антиинфламаторни и детоксикациски својства.
Антиоксиданти во карфиолот
Бета-каротин, бета-криптооксантин, кофеична киселина, циметнова киселина, ферулна киселина, кверцетин, рутин и каемферфел се меѓу главните антиоксидантни фитонутриенти на карфиолот. Карфиолот е особено богат со витамин Ц и е добар извор на манган – минерален антиоксиданс кој е особено важен за метаболизмот поврзан со кислородот.
Редовна консумација на карфиол заштитува од канцерогени заболувања.
Карфиол Г.И. Низок |
|
Карфиол (динстан) 124.00 гр.(1 чаша) |
|
Нутриенти | Количина |
Протеини | 2.28 гр |
Јаглехидрати | 5.10 гр |
Масти вкупно | 0.56 гр |
Диетални влакна | 2.68 гр |
Калории | 28.52 |
DRI(Dietary Reference Intakes) Препорачан дневен внес |
|
Витамин Ц | 78% |
Витамин К | 19% |
Фолати | 14% |
Пантотенска киселина | 13% |
Витамин Б6 | 12% |
Колин | 11% |
Диетални влакна | 11% |
Омега 3 масти | 9% |
Манган | 8% |
Фосфор | 6% |
Биотин | 5% |
Калиум | 5% |
Витамин Б2 | 5% |
Витамин Б1 | 4% |
Магнезиум | 3% |
Витамин Б3 | 3% |
Извор: http://www.whfoods.com/genpage.php?tname=foodspice&dbid=13