ИСПИТУВАЊА НА ВАРИЈАЦИИТЕ НА ГЛИКЕМИСКАТА КОНТРОЛА
• Проценка на пациентот за сопствената гликозна контрола и нејзините варијации.
• Проверка на местата и техниката на инјектирање.
• Осигурување дека инсулинот кој се употребува не бил замрзнат или изложен на превисоки температури.
• Утврдување на појавата на хипогликемиски епизоди.
• Проверка на точноста на гликометарот и процесот на самоконтрола со контролен раствор или со паралелно мерење.
• Осигурување на точно функционирање на гликометарот (и лентичките).
• Се испитува за вообичаени дневни животни навики на пациентот во текот на работните денови и викендот.
• Работата и другите психички и ментални стресови.
• Вообичаено време за оброци, диета и количина на јаглени хидрати.
• Физичка активност: кога, времетраење, степен на интензитет и подготовка.
• Користење алкохол.
• Дали пациентот ги брои изедените јаглени хидрати?
• Дали психо-социјалната состојба на пациентот содржи стрес фактори кои го засегаат нивото на крвниот шеќер или способноста да се грижи за третманот?
• Интензивно мониторирање најмалку 3 дена. Следново треба да се забележи во дневникот на пациентот:
• Дозата на базалниот инсулин и времето на инјектирање. • 24-часовен профил на крвниот шеќер. • Крвен шеќер наутро по будењето и пред спиење.
• Крвен шеќер пред оброк и по оброк (1.5 час по оброк) со различни оброци (појадок, ручек, вечера, вечерна ужина).
• Крвен шеќер ноќе околу 4 часа пред будење.
• Јагленохидратен внес и инсулинска болус доза пред оброците и ужините.
• Некои повремени додатни дози.
• Физичка активност (време, интензитет и траење).
• По интензивен период на мониторирање, потребно е доволно време за дискусија со пациентот за она што е пронајдено. Резултатите треба претходно да се пратат на шалтер.
• Ако HbA1c е висок и резултатите од самоконтролата се варијабилни, прво треба да се корегираат хипогликемиите.
• Ако HbA1c е висок и резултатите од самоконтролата се постојано високи, треба да се зголеми дневната инсулинска доза.
• Следна цел е да се корегираат нивоата на крвниот шеќер при будење и во текот на утрото до целната вредност.
• Потоа, другите вредности на крвниот шеќер пред оброците треба да се корегираат до целната вредност.
• Се гледаат знаци за физичко и ендокрино нарушување (се одредува серумски TSH, калиум, натриум, кортизол, креатини, антитела, асоцирани со целијачното заболување).
• Ако причините за лошата гликемиска контрола не можат да се пронајдат, пациентот треба да се префрли на доктор специјалист за испитување на континуирано гликозно мониторирање.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)