ИНЈЕКТИРАЊЕ НА ИНСУЛИН
• Подигнете кожен набор нежно да се осигура супкутана (НЕ интрамускулна) инјекција.
• Поставете ја иглата под агол од 45-900 (возрасни), во зависност од должината на иглата (5-8 mm).
• Бидете внимателни да не истече инсулинот од местото на инјектирање.
• Не инјектирајте во тврди или инфламирани места на кожата или преку облека.
• Треба да се користат доволно екстензивни делови од кожата за инјектирање.
• Долго делувачкиот инсулин е правило да се инјектира во натколеницата или во задникот.
• Не го менувајте местото на инјектирање нередовно, но следете го утврдениот план.
• Не инјектирајте често во раката каде ткивото е густо и подигањето на кожата како набор е тешко. • Инјектирајте брзо делувачки инсулински аналог под кожата на абдоменот, кратко делувачкиот инсулин 20-30 минути пред оброкот, брзо делувачкиот инсулин 0-10 минути 6 пред оброкот (во зависност од вредноста на крвниот шеќер) или, исклучително, непосредно по оброкот.
• Ако е оброкот невообичаено пролонгиран брзо делувачкиот инсулин треба да се инјектира во две поделени дози.
• Треба да се објасни на пациентот за забрзувачкиот ефект на физичката активност и топлината и успорувачкиот ефект на студот на апсорпцијата на инсулинот.
• Пожелно е иглата да се менува по секоја инјекција, специјално кога се користи долго делувачки инсулин.
• Пациентот може да користи шприц да инјектира инсулин ако тој/таа така преферира.
• Пациент кој користи трајни пенкала со картриџи, треба да се научи како да ги користи, ако е неопходно да се повлече инсулин од картриџот и да се инјектира со шприц.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)