ИНТЕНЗИВИРАН ИНСУЛИНСКИ РЕЖИМ И ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ
• Пациентот треба со себе да има подготвен план кој вклучувод каде и кога се тргнува и земјите каде се патува со соодветното локално време, времетраењето на летот и предвиденото прилагодување на инсулинските инјекции.
Патување на запад
• Кога се патува на запад, должината на денот се зголемува. Временска разлика од повеќе од 2 часа се покрива со екстра доза на базален инсулин. За време на кратки посети, инсулин гларгине може да се инјектира во времето кое е вообичаено за земјата од каде се тргнува (секои 24 часа). Дополнителната доза се пресметува според вообичаената доза на базален инсулин за час.
• На пример, ако дневните потреби за базален инсулин се 20 единици, тоа се 0.8 единици на час. Ако временската разлика е 6 часа, дополнителната доза на базален инсулин е околу 6 х 0.8 единици, или 5 единици.
• Оброците се покриваат вообичаено со инјектирање болус инсулинска доза пред оброкот според јагленохидратниот внес.
• По слетувањето во земјата каде се патува, се следи нормалниот режим на инјектирање инсулин според времето кое е во земјата каде се патува. Ако е потребно, дозите може да се прилагодат според резултатите од мерењето.
Патување на исток
• Кога се патува на запад, должината на денот се намалува.
• Дозата на базален инсулин се намалува во зависност колку часа ќе биде пократок денот.
• На пример, ако дневните потреби за базален инсулин се 20 единици и временската разлика е 6 часа, дозата на базалниот инсулин се намалува за 5 единици.
• Оброците се покриваат на вообичаен начин според јагленохидратниот внес. Кога ќе се пристигне во земјата каде се патува, треба да се следи нормалниот режим на инјектирање според времето кое е во земјата каде се патува. Ако е потребно, дозите може да се прилагодат според резултатите од мерењето.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)