Патување на запад
Пред летот се следи нормалниот распоред на инјектирање (утринска и пред ручек инјекција во локално време на земјата од каде се заминува), дозата пред ручек се менува ако е потребно.
Во тек на летот брз или кратко-делувачкиот инсулин се инјектира по 2-4% од тотал-ната дневна инсулинска доза за секој час од временската разлика.
После пристигнувањето се следи нормалниот распоред на инсулински инјекции (додатна и ноќна инјекција) во локално време на земјата на пристигнување; дозите се менуваат во согласност со мерењата на плазматскиот крвен шеќер.
Патување на исток
Пред летот се следи нормалниот распоред на инјектирање (утринска, пред ручек и додатна инјекција, како и нормална вечерна доза од долго-делувачки инсулин се зема во текот на летот.
Бидејќи се дава додатен оброк на почеток на летот, често се потребни 2-6 додатни единици од брзиот иликратко-делувачкиот инсулин. Пред слетувањето се сервира оброк (доручек).
Се инјектира нормалната утринска доза на брз или кратко-делувачки инсулин, но дозата на утринскиот долго-делувач-ки инсулин се намалува за 3–5% за секој час од временската разлика.
После слетувањето се следи нормалниот распоред (додатна и вечерна инјекција), дозите се менуваат во согласност со одредувањето на крвниот шеќер; не е потреб-на инјекција пред ручек.
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf (страна 110)