ЦЕЛИ ЗА ГЛИКЕМИСКАТА КОНТРОЛА
• Општа целна вредност за нивото на HbA1c е помалку од 7% (53 mmol/mol), без епизоди на значајна хипогликемија.
-Новите единици за концентрација на HbA1c се mmol/mol.
• На индивидуална основа (склоност кон хипогликемија) целта може да биде помалку строга и концентрацијата на HbA1c од 6.5–7.5% (48–58 mmol/mol) често може да се смета како реалистична цел.
• Вообичаените целни вредности за концентрацијата на плазматската гликоза со самоконтрола се:
– Пред појадок и пред другите оброци 4–6 mmol/l.
– Околу 1.5–2 часа по оброк, како правило, под 8(–10) mmol/l.
• Ако се јават повторувани шокови, целната вредност треба да се релаксира.
• Треба да се избегнуваат повторувани големи флуктуации на крвниот шеќер кои го нарушуваат секојдневниот живот и предизвикуваат непријатни чувства. Тие се обично предизвикани со (асимптоматски) хипогликемии и последователни реактивни покачувања во концентрацијата на крвниот шеќер.
(Текстот е превземен од http://zdravstvo.gov.mk/ “Упатство за практикување на медицина заснована на докази при инсулински третман на тил 1 дијабетес“)