Инсулинска терапија

3209

Основните принципи за третман на дијабетесот се следниве:

  • Инсулинска терапија – се однесува на замена на потребниот инсулин кој не се излачува од панкреасот со инсулин од надвор. Најчесто инсулинот се дава со инјекција под кожата.
  • Исхрана – здрав начин на исхрана со правилно внесување на јаглехидрати.
  • Физичка активност – активен дел од секојдневието. Потребно е да се разбере влијанието на физичката активност врз дијабетесот и шеќерот во крвта.
  •  Едукација – потребно е време да се научат основните принципи за дијабетесот и за постигнување на добра контрола.

ТРЕТМАН НА ДИЈАБЕТЕСОТ
Третманот на дијабетесот е рамнотежа, односно баланс меѓу многу фактори кои го намалуваат шеќерот во крвта (како инсулин и физичка активност) и оние кои го зголемуваат (како храна и некои од стресните хормони). Третманот на дијабетесот претставува разбирање на влијанието на овие фактори и што сè треба да се преземе индивидуално во одредени ситуации.

(текстот е превземен од Сé што треба да знаете за тип 1 дијабетес; стр.33; автор Горан Петровски; Октомври 2009, Скопје)