Здружениe на лица заболени од дијабет „ШЕЌЕРЧЕ – Lollipop“ – Велес, е посветено на остварување на својата мисија и стратешки цели. Основни практики се иформирањето и едукација на своето членство и нивните семејства за: зголемување на свеста на јавноста и промовира размена на квалитетни информации за дијабетес,
да се обезбеди едукација за лицата со дијабетес и нивните здравствени услуги.
Здружението го прошири своето делување во поголем број општини соседни на Велес и тоа Чашка, Градско и Лозово. Развиваме соработката со други сродни невладини организации.
Подобрување на пристапот до податоци за лица заболени од дијабетис
– Соработка со ЈЗО Општа болница Велес
Пристапувајќи кон потребата за подобри здравствени услуги, како и проширување на информираноста на јавноста за новините со справувањето со дијабетесот, а со цел да се оформи Дијабет центар во рамки на ЈЗО Општа болница Велес, на 17.03.2017 год, на Ден на крводарителите, потпишавме писмо со намери за соработка со Интерно одделение – Дијабет центар и здружението.
На средбата со Началникот д-р сци. Ѓоре Арсов, договорени се активности во следниот период. Овој документ, е од особена важност за остварување на мисијата на здружението и на олеснување на пристапот на пациентите со дијабетес во оставрување на лекување. Дијабет центарот во Велес со генерална цел да се обезбеди вистински пристап до здравствени прегледи и едукација за секој заболен и семејството, е воспоставен за работа во почетокот на годината, за што здружението ја даде целосната поддршка на неговото целосно формирање.
– Регистер на лица со дијабетес во Велес
Дефинирањето на опфатот на лицата со дијабетес во Велес, односно формирање на единствен регистер на лица со дијабетес (таблетарна и инсулинска терапија) ќе обезбеди едноставен пристап за соочување со болеста, а директно ќе поттикне превенирање од истата и од локалните и национални власти, здравствени установи, граѓански сектор и други заентересирани страни. Запишувањето на првиот регистер на лица со дијабетес започна со работни средби со Раководителката на Аптека при ЈЗО Општа болница Велес г-ѓа Мирјана Минин, средбата се одржа на 30 март 2017 година, при што се договори динамиката на запишувањето на регистерот со приматели на инсулин, превземени од евиденцијата на болничката аптека, од каде пациентите од Велес, Градско, Лозово, Чашка и делумно Св. Николе подигнуваат инсулинска терапија.
Од оваа, повеќе од успешна работна средба, веќе на 03.04. започна креирањето на регистерот на лица со дијабетес, а заврши на 06.04.2017 година, во него учествуваа Диме Велев, Македонка Давчевска и Ребека Симоновска, со несебична поддршка на сите вработени во болничката аптека. Првиот регистер, опфати 987 лица со дијабетес.
Вкупниот број на евидентирани лица со дијабетес во Велес е 5.919 од велешани/ки или 11% од вкупниот број на жители на Велес, од кои 805 со инсулинска терапија!
– Работни средби
Воедно, здружението оствари средба со Претседателката на здружението на приватни лекари на Македонија, д-р Лилија Чолакова Дервишова, со намера да се подржи процесот на целосно оформување на регистерот на дијабетичари, на оваа средба изразена е безрезервна поддршка на процесот и отвореност за соработка, при што договорено е пред се да се обезбедат податоци за лицата со дијабетес од Институтот за јавно здравје Велес, каде секој лекар доставува податоци за пациентите од специфични заболувања. По што на 12 мај 2017 од Институт за јавно здравје Велес, ги достави официјалните бројки на лица кои се дијгностицирани со дијабетес на територијата на општина Велес.
По изборот на новата Влада на Р. Македонија, новиот Министер за здравство г-дин Арбен Таравари, оствари средба со претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари во Р. Македонија, во чии состав беше и Диме Велев- претседател на здружението. На средбата покрај преставници на министертсвото присуствуваа и претседателката на Националната комисија за дијабетес и специјалисти од Клиника за ендокринологија Скопје. Главни теми на средбата беа генералните големи проблеми на дијабетичарите, начинот на набавки и дистрибуција на инсулин и посветеноста кон пациентите со дијабетес.
*Заедно со Сојуз на Здруженија на Дијабетичари на Македонија, по повик на министерството, на 21.06.2017 пристапивме со креирање на наши предлози за измени и дополнувања на Закон за здравствена заштита.
Во месец Август 2017 година, по именувањето на новиот Директор на ЈЗО Општа болница Велес, д-р сци. Димитар Стровјански, остварени се три работни средби на кои покрај запознавањето со мисијата и активностите на здружението дискурирани беа потребите на лицата со дијабетес во Велес, особен фокус посветен на оние кои примаат инсулин. Императив од првите средби беше, одлуката на директорот да се отвори Центар за дијабетес во болницата, со оглед на високата застапеност на лица со дијабетес во самиот град и регионот кој го услужува болницата.
Едукација и информирање на заболени од дијабетис
– Исхрана на дијабетичари
Здруженеито на лица заболени од дијабет „Шеќерче – Лилипоп“ од Велес, согласно својата мисија и годишна програма за работа, на ден 18.02.2017 година, ја организираше првата работилница со цел да се изврши едукација на дијабетичари и на нивните семесјтва за креирање на порции за оброк потребни во еден ден. На оваа работилница, д-р Страхил Тодоров изврши кратко предавање за дијабетот тип 2 и за можните поселдици од него, како и за превенција и потребни мерки и активности кои секој Дијабетичар е потребно да ги спроведува за да може состојбата со дијабетот да не го загрозува виталното здравје на секој од нив. Нутрициониската Цветанка Петрова одржа предавање и презентација за како се одредува калоричноста на храната, шеќерите и јаглехидратите во секоја од храната која се прима. Исто така ги запозна со начините на споредување на мерните единици кои се потрбни да се применат при подоготовка на еден оброк за секој од дијабетичарите.
На ден 25.02.2017 година, ја организираше завршната работилница, со цел да се едуцираат дијабетичарите и на нивните семесјтва за креирање на порции за оброк потребни во еден ден.
На оваа работилница, д-р сци. Елена Левкова Ќулумова, изврши кратко предавање и презентација за како специфично да се споредуваат Лебни единици LE со калории и јаглехидратите во секоја од храната која се прима со еден оброк. Сите учесници имаа можност да извршат подоготовка на ужинка со мал број на лебни единици. На самиот крај сите учесниците на работилниците имаа можност да извршат подоготовка на ужинка со мал број на лебни единици.
– Гестациски дијабет
Дијабетесот претставува вистинска пандемија во светот и кај нас. Македонија е земја со постојан раст на зачестеноста на дијабетесот. Развојот на научата мисла и постојаните достигнувања во полето на раното откривање и лекување на дијабетесот даваат голема надеж дека можеме да сториме многу, особено во превенцијата на дијабетесот, но и во скринингот и одложувањето на неговите компликации, како и во осовременување на третманот. Одржанo e предавање, во Медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ Велес на 22.04.2017 година, на една од најзначајните теми “Гестациски дијабет„, псветена на младите мајки и новите животи. Опфатот на ова предавање започна со дефиниција за гестациски дијабет, начини на идентификација и однесување со дијабетот за
време на бременоста, колку тој влијае врз плодот и колку дијабетот за време на бременост може да биде причина за можен дијабет кај плодот. Со ова предавање од Асс. д-р Саша Јовановска Мишевска – Центар За Дијабет во ЈЗУ УК за Ендокринологија, присутните имаа можност да добијат одгвори прашања со кои се значајни за нив.Пред почетокот на овој настан,се вршеше бесплатно мерење на гликемија и крвен притисок, со апарати кои се донација од Адримед, Скопје и Рош.
Aктивно учествуво во работилниците земаа и пријателите и поддржувачи на ова здружение – Новонордиск Фарм Скопје, кој слави јубилеј 25 години работа во Република РОШ Македонија, Адријамет и Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Република Македонија.
– Информативен флаер
Со цел да се изврши поголемо запознавање на лицата со дијабетес, пред се оние кои користат инсулин, како и при посета на Дијабет центарот во Велес, да се запознаат со целите, намерите и активнсотите на здружението, како и да се информираат во кои случаеви здружениеето може да има овозможи совет, поддршка, редовна консултација и информирање при застапување за нивните потреби, отпечатени се 1100 примероци на инфо-флаер.
Здружението, во текот на целиот период, особено по воспоставување на редовна комуникација со Инсулунска аптека, во периодите кога недостасуваше инсулин, за било кој пациент, без поговор организирани комунициравме меѓу членовите, лицата со дијабетес за да се добие инсулин и во преодна форма. Исто така значајна е поддршката на лицата кои им недостасуваат ленти за мерење на гликемија. Најистакнат случај за немање инсулин, поради ненавремено дистрибуирање, беше средина на месец Октовмри кога, пријатели, пациенти, граѓани, во целодневна комуникација лоциравме каде и на кого му е потребен кој тип на инсулин, се погриживме и нашите пријатели од Прилеп да добијат соодветна поддршка, заради целосен недостаток од инсулин.
Акции и развој
Управниот одбор на здружението, одржа 4 седници. Воспостваивме редовно информирање за новините и Воведување на редовна комуникација со членството за квалитетна поддршка на нивните потреби. Овозможивме редовна и брза комуникација со здружението на телефонот 077757117.
Здружението со намера да изврши промоција во јавноста на својата мисија, намери, цели и активности, изврши промоција на локалната ТВ Здравкин, Велес, со едно 3,5 минутно видео промоција со приказ на настанот со децата и новогодишната едукација за исхрана, целите, адресните податоци и повик за комуникација. Ова видео беше емитувано 19 дена на почетокот на Јануари 2017 година.
На 11.02.2017 година здружението е примено како редовен член на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.
11.07.2017 Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија и Статутот на Здружението на лица заболени од дијебетес „Шеќерче – Лолипоп“ од Велес, Управниот одбор донесе Одлука за престанок со членување во Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ).
На 29.09.2017 година во соработка со Асоцијација за детски дијабет на Македонија – БАЛАНС МК, Здружение за заштита и едукација на дијабетичари “ Був, Здружение на дијабетичари СОНЧЕВА СВЕТЛИНА Демир Хисар “ – Скопје, Здружение на дијабетичари Радовиш, Подареш и Конче Здружение Алегрија – Скопје, Здружение на дијабетичари Струга, Здружение на дијабетичари – Тетово и Здружение на дијабетичари на Општина Куманово, од Министерство за здравство на Република Македонија, Агенција за лекови на РМ, Лекарска Комора на РМ и Фармацевтска Комора на РМ јавно побаравме ИТНА реакција, детална проверка и вонредна инспекциска контрола по однос на Инсулините во Р. Македонија.
На 29.06.2017 реализиравме прес конференција за објавување на првиот Регистер на лица со дојабетес во Македонја, за Велес. Со цел за запознавање на јавноста со податоците првиот регистер на лица со дијабетес во Република Македонија, од локален карактер, ги објавивме податоците, кои на јавноста и ги пренесоа
TV Канал 5, www.tirecovmirece.com, www.duma.mk, ТВ Здравкин, К1 Телевизија, КАНАЛ 77, Радио Голди, 5FM Радио и други медимуи и портали.
Се Заблагодаруваме на сите кои несебично, помогнаа во оставрувањето на програмските цели и активности.
Извор : Diabetes LIlilpop Veles