- Најчест тип на дијабетес (70–80% од сите пациенти со дијабетес).
- 80% од пациентите се натхранети.
- Синдром на инсулинска резистенција (метаболен синдром) често ѝ претходи на болеста: дебелина, зголемен крвен притисок, абнормално ниво на липиди (ви-соки триглицерид (2–3 mmol/L, ретко > 5 mmol/L) и низок HDL-холестерол) и често покачена концентрација на серумски урати.
- Вообичаено дијагнозата е кај возрасни (по возраст од 35 години).
- Атеросклерозата е најзначајната компликација од болеста, како коронарна арте-риска болест, артериопатија на долните екстремитети и мозочни и други макровас-куларни болести (удар).
- Пациентите имаат значајна семејна историја на дијабетес, хипертензија и коронар-на артериска болест.
Извор:http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf